25 неверојатни искуства близу до смртта кои ќе посакате да се вистинити
19. Ернест Хемингвеј
Додека се борел во Првата светска војна, Хемингвеј ја изгубил свеста. Подоцна тој раскажал како неговата душа го напуштила неговото тело, летала наоколу и на крајот се вратила.
20. Џулијан А. Милкс
Кога Џулијан бил дете неговата мајка го замолила да ја премине улицата и да набере цвеќиња за неа. Но, додека ја минувал улицата некој автомобил со голема брзина се движел кон него. Џулијан се сеќавал дека го напуштил своето тело и дека од горе го гледал автомобилот како се приближува кон неговото тело. За среќа, автомобилот успеал да го избегне и не го удрил.
21. Брус Бонд
Брус имал искуство близу до смртта кога колабирал поради неговата алергија од ореви. За време на ова искуство, неговото куче трчало кон него додека тој бил во долг и осветлен тунел.
22. Бети Џ. Иди
Во 1973 година Бети имала хистеректомија поради која имала искуство близу до смртта. Таа рекла дека била водена од тројца свештеници кон некоја светлина која ја препознала како Исус.
23. Вероника-Улрик Бартел
Откако била погодена од гром во 1981 година, Вероника опишува дека била однесена во пеколот каде што била придружувана од демони. Кратко потоа таа била вратена во нејзиното тело и забележала дека нејзините раце сè уште биле врели. Можеби од громот?
24. Робин Мишел Халбердер
Предвреме родена во Тексас, Робин имала хијалиномембранска болест. Никој не очекувал да преживее, но таа успеала во тоа. Нејзиното прво сеќавање е како летала кон нешто што таа го опишува како топла светлина. Некој глас ѝ рекол дека не е нејзиното време и дека мора да се врати во своето тело.
25. Јасмин Кидавија де Репентини
Кога имала операција во 1979 година, Јасмин умрела на операционата маса. Таа го напуштила своето тело и летала над него. Сестрите во салата не забележале дека таа не дише. Јасмин пробала да ја мрдне својата рака и сестрите ја тргнале цевката од нејзиното грло и прикачиле маска со кислород. Јасмин почнала повторно да дише.