25 необични работи кои сигурно ги немате видено
Светот е полн со чуда. Но многу ретко застануваме да помислиме на неверојатните работи кои нè опкружуваат. Многу често слушаме за некои необични нешта, но речиси и да не знаеме како изгледаат. Погледнете неколку „скриени“ работи кои сигурно ги немате видено.
1. Библијата на Гутенберг
Оваа книга е симбол за почетоците на печатарството во Европа. Јохан Гутенберг прв пат ја издал во раните 1450-ти. Историчарите тврдат дека постоеле вкупно 185 копии од Библијата – 150 на хартија и 35 на пергамент.
2. Алкатраз
Алкатраз е најпознатиот затвор во светот. Во светската култура, литература и историја, ова место е затвор од кој никој не може да избега. Затворот е лоциран на островот Алкатраз во заливот на Сан Франциско. Денес туристите слободно можат да го посетуваат затворот.
3. Темната страна на месечината
Од Земјата не можете да ја видите оваа страна на месечината, но постојат многу фотографии направени од вселената. Постојат 2 „мориња“ од оваа страна – Морето на Москва и Морето на соништата. Покрај тоа, најголемите кратери на месечината се наоѓаат токму на оваа страна.
4. Deep Blue, компјутерот кој победи човек во партија шах
Во 1997 година, овој компјутер го победи светскиот шампион во шах, Гари Каспаров. Овој настан предизвика многу грижа, луѓето почнаа да се плашат од тоа дека роботите ќе го освојат светот и ќе ги поробат луѓето.
5. Шише од 1 литар
Еве како изгледа шише од 1 литар пред да биде загреано и „надуено“.
6. Мона Лиза
Ова ремек-дело изгледа навистина величествено на телевизија. Во реалноста, оригиналната слика е навистина мала, висока е 76 центиметри, а широка е 53 центиметри.
Продолжува на следната страница…