25 најчудни митски предмети на сите времиња
11. Реликвиите на смртта
Реликвиите на смртта се 3 магични предмети кои им биле доделени на браќата Певерел од самата смрт. Тие се каменот за воскреснување, семоќното стапче и наметката за невидливост. Секој од овие предмети бил пренесен на следната генерација на секој брат, и евентуално каменот за воскреснување завршил во рацете на Волдеморт. Невидливата наметка била наследена во семејството на Хари Потер, кој подоцна ги добива и другите реликвии на смртта со цел да го победи Водлеморт. За време на битката каменот бил изгубен, а после битката Хари одлучува да го скрие магичното стапче. Фановите претпоставуваат дека наметката ќе ја наследи некое од децата на Хари.
12. Екскалибур
Екскалибур е познат и како „мечот во камен“, легендарниот меч на кралот Артур. Иако некои легенди велат дека Екскалибур и Мечот во камен се различни, поемата „Мерлин“ (Merlin) од Роберт де Борон тврди дека Екскалибурот може да биде изваден од каменот само од Артур, кралот на Англија. Други легенди велат дека Артур го добил мечот од Дамата од езерото. Кога Артур умирал, тој му наредил на сер Бедивер да го фрли мечот назад во езерото, па тој го направил токму тоа. Телото на кралот Артур било однесено во Авалон, а легендата вели дека тој и мечот ќе се вратат за да ја спасат Англија од големо зло.
13. Летачкиот Холанѓанец
Поради Сунѓерот Боб и Пиратите од Карибите, многу луѓе имаат слушнато за овој брод. Бродот потонал во 1641 година додека патувал кон Индија. Кога наишол на голема бура, екипажот го молел капетанот да го смени курсот, но тој одбил и настојувал да продолжат низ бурата. Тогаш тој запалил луле и почнал да го колне Бог и го предизвикувал неговиот гнев. Екипажот направил обид за бунт, но капетанот го убил нивниот водич и го фрлил во водата. Тогаш самиот брод, кој веќе бил изморен од лудостите на капетанот рекол: „Како резултат на твоите постапки, те проколнувам вечно да пловиш по морето со екипаж од мртви луѓе кои ќе носат смрт на секој што ќе ги види. И никогаш да не можеш да застанеш на пристаниште. Жолчката нека биде твој пијалак, а железото твое месо.“ Бродот самиот се проколнал поради неговиот луд капетан.
14. Каладанда (Жезолот на смртта)
Хинду богот на смртта, Јама, познат е и како кралот на предците и последен судија на душите. Тој имал магичен жезол наречен Каладанда кој можел да убие секого. Без разлика каква заштита имате или колку сте посебни, ако Јама сакал да ве убие, тој ќе го направел тоа со магичниот стап. А потоа, ќе ви судел каде вашата душа ќе ја помине вечноста.
15. Златното јаболко
Ова прекрасно златно јаболко ѝ припаѓало на божицата на хаосот, Ерис. Поради ова Зевс никогаш не ја поканувал на забави. Една од овие забави била свадба и кога Ерис дознала дека не е поканета, таа многу се налутила. Таа упаднала на свадбата и го фрлила златното јаболко меѓу гостите. На јаболкото стоел зборот „Кallisti“ (За најубавиот). Па, гостите почнале да се тепаат за јаболкото бидејќи секој мислел дека е за него. На крајот на борбата останале само три божици: Афродита – божица на убавината, Хера – божица на жените и Атина – божица на војната. Афродита го поткупила судијата, Парис, да ѝ го даде јаболкото и да ја прогласи за најубава, ветувајќи му ја љубовта на Елена од Троја. А сите знаеме како завршила таа приказна, со Тројанската војна.
Продолжува на следната страница…