25 најчудни митски предмети на сите времиња
Приказните ја оформуваат нашата култура. Тие ни даваат мудрост, предупредувања и надеж во темните ноќи. Понекогаш овие приказни содржат предмети чија моќ е од фасцинантна, до застрашувачка. Што претставуваат овие моќни митски предмети? Од смрт, до исполнување на желби, секоја култура има нешто што поседува огромна моќ. Погледнете ги 25-те најнеобични митски предмети.
1. Чизмите од седум лиги
Овие чизми му овозможуваат на носачот да направи чекор и да помине седум лиги (околу 40 километри). Тие биле популарни во европскиот фолклор и се вклучени во модерната уметност, како на пример во „Подвижниот замок на Хоул“ (Howl’s Moving Castle).
2. Печатот на Соломон
Овој печат, всушност бил прстен кој му припаѓал на кралот Соломон. Тој бил изгравиран со „најмоќното име на Бог“ и можел да контролира, истерува и заробува демони. Според легендата, прстенот му бил даден на Соломон од Рајот и бил направен од месинг и железо. Печатот на Соломон може да се однесува и на симбол, но оригиналниот печат е прстен од Рајот.
3. Жезолот на кралот на мајмуните (Ruyi Jingu Bang)
Овој жезол му припаѓал на бесмртниот мајмун Сан Вуконг. Жезолот бил висок 6 метри и бил широк колку буре. Имал златен обрач на краевите и понекогаш се смалувал колку игла и кралот го чувал зад неговото уво. Сан Вуконг го добил жезолот од кралот и кралицата Змеј.
4. Дланката на славата
Дланката на славата е мумифицирана (најчесто лева) дланка од крадец кој бил обесен. Таа била користена како свеќа или свеќник и имала магични својства кои му дозволувале на носителот да гледа во темница без и тој да биде виден. Исто така била користена за да ги успие луѓето во некоја куќа ако таа се запали и за да ги отвори сите брави. Дланка на крадец за крадење, има смисла.
5. Шлемот на темнината
Шлемот на темнината звучи многу поинтересно од „невидлива наметка“, но тие двете имаат иста моќ – предмет од грчката митологија кој му дозволувал на носителот да биде невидлив. Кога киклопите биле ослободени за време на големата војна помеѓу боговите и титаните, тие ги искористиле оружјата на боговите како помош. Шлемот на темнината бил еден од овие оружја, направен за Ад, богот на подземјето. Ад им го позајмувал на други богови, како на пример Персеј. Кога тој ја ловел Медуза, го носел шлемот. Бидејќи бил невидлив, погледот на Медуза немал никако ефект на него, па така тој ја убил.
Продолжува на следната страница…