25 морничави нерешени Интернет мистерии

25 морничави нерешени Интернет мистерии

Од неговото создавање, Интернетот успеал да собере голем број нерешни мистерии, од кои голем дел се морничави. Од морбидни видеа објавени во мрачниот интернет, до бизарни загатки што никој не може да ги реши, луѓето кои „копаат“ низ овие мистерии наоѓаат уште помрачни тајни. Па, погледнете ги овие морничави и нерешени Интернет мистерии.

25 морничави нерешени Интернет мистерии

1. GhostNet

Во 2009-та година била откриена тајна кинеска сајбер операција за хакирање. Операцијата инфицирала 103 држави користејќи имејл пораки за да ги зарази компјутерите. Штом компјутерите биле заразени, хакерите можеле да ја вклучат нивната видео камерата, микрофонот и да снимаат што се случува. До денес никој не знае кој стоел зад нападот, но многумина веруваат дека е кинеската влада.

2. Креаторот на биткоин

Биткоинот прв пат бил измислен во 2009-та година со 30.000 редови код и оттогаш е една од највредните криптовалути во светот. Името „Сатоши Накамото“ му е припишано на креаторот, но никој всушност не знае кој е тоа. Од неговото исчезнување многу луѓе се обидувале да му го откријат идентитетот. Некои сметаат дека можеби станува збор и за Елон Маск.

3. Valot por Tamaulipas

Оваа масовна Фејсбук фан страница со над 615.000 следбеници им задала удар на неколку картели со објавување информации за нивните злодела, нешто за коешто повеќето новинари се убиени. Станале толку ефективни во разоткривање на активностите на картелот, што луѓето зад страницата имаат цена на нивната глава. Но, никој не знае кој е одговорен за страницата.

4. Oct282011.com

Овој веб-сајт има пораки и загатки што никој не може да ги реши. Исто така има и одбројувач за кој многумина мислат дека го означува почетокот на Армагедон. Штом сајтот го стигнал прикажаниот датум, на него се појавил мистериозен телефонски број. Луѓето кои кажале дека се јавиле слушнале чудни звуци. Сајтот бил затворен и никој не знае за што всушност станувало збор.

5. НЛО хакер

Во 2002-ра година, хакерот Гери Мекинон успеал да пробие во веб-сајтот на НАСА и открил многу тајни документи. Тој тврди дека видел документи со кои било докажано постоењето на НЛО технологија и антигравитациона технологија. Некои луѓе веруваат дека тоа му било прикривање за другите активности во кои бил вклучен. Не се знае дали навистина ја зборувал вистината.

25 морничави нерешени Интернет мистерии

6. 973-eht-namuh-973.com

Овој веб-сајт им го привлече вниманието на луѓето во 2003-та година. Кога почнале да истражуваат откриле дека е во сопственост на британскиот артист Дејвид Денисон. На почетокот изгледа како сајт со чуден жаргон, но колку повеќе барате толку повознемирувачки станува. Некои веруваат дека сајтот е проект на лудак, додека други сметаат дека има загатки кои водат кон нешто поголемо.

7. Q Anon

Неодамна, корисник со ова име на 4Chan напишал коментари за менување на политичкиот и судниот систем. Оттогаш новинарите, луѓето што сакаат теории на заговор и сличните коментирале за тоа што би можелo да значи. Некои мислат дека станува збор за личност од Белата куќа, додека други се убедени дека е само обичен човек.

8. Cicada 3301

Прв пат појавувајќи се во 2012-та година, оваа загатка однесе многу кодирачи низ мистериозната зајачка дупка, и евентуално ги однела до мрачниот Интернет. Секоја година се појавуваа нови загатки и додека некои тврдеа дека ги решиле, се појавуваа други. До денес никој не знае кој е креаторот и која е наградата, ако воопшто ја има.

9. Mortis.com

Овој веб-сајт прв пат се појавил на 4Chan и на почетокот имал само црна страница на која пишувало Mortis. Кога ќе го кликнете текстот, ве носи на главната страна за најавување. Кога корисниците почнале да истражуваат, откриле дека сајтот имал многу терабајти информации. Пред кој било да го пробие сајтот, тој бил тргнат од страна на ФБИ.

10. Имејлот на Џек Фроес

Пет месеци по смртта на неговиот пријател Џек, Тим Харт добил имејл од него со наслов „Гледам“. Самата порака била уште поморничава: „Дали ме слушна? Кај тебе сум. Исчисти го проклетиот таван!“ Харт напишал одговор, но никогаш не добил уште една порака.

25 морничави нерешени Интернет мистерии

11. Видео со докторатот за чума

Кога блогер од GadgetZZ добил видео со морничав доктор за чума, морал да ги паша другите за помош. На менито на ДВД-то имал код – 11B-X-1371. Некои сметале дека ова е промотивен материјал за проект, но никој не знаел што се рекламира. Мистеријата е нерешена и денес.

12. Црни дуки на Интернет

Повеќето луѓе кога нема да успеат да пратат имејл или кога не работи некој веб-сајт мислат дека станува збор за конекцијата на серверот. Но, постои многу помистериозна причина – Интернет црни дупки. Истражувачите откриле дека Интернетот е полн со нив и можат да претставуваат голем ризик за безбедноста. Најголем проблем е што воопшто не знаеме што навистина се и како се нашле таму.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар