25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

Нобеловата награда за мир е најконтроверзна од сите 5 категории – физика, хемија, литература, мир и медицина. Исто така, оваа е и најзначајната од сите. Им се доделува на личности кои го направиле најдоброто за нивната нација, како и за масовно промовирање на мирот помеѓу сите нации. Уште откога Алфред Нобел го одбрал мирот за категорија во неговите награди, таа е соочена со многу контроверзии. Секоја година има бројни дебати за тоа кој требало, а кој не требало да ја добие. Па, погледнете ги 25-те луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но не ја добиле.

25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

1. Вацлав Хавел

Како чешки драматург, есеист, поет и политичар, Вацлав беше последниот претседател на Чехословачка и првиот претседател на Чешката Република. Во овој период тој беше познат по неговата работа за човечки права низ Источна Европа и е именуван како еден од највлијателните личности на 20-тиот век.

2. Сари Нусејбе

Наместо да ги поддржува нападите на Израел како некои од неговите сограѓани, овој професор по филозофија од Палестина решил да им помогне на неговите луѓе кои се наоѓале сред крвопролевањето. Неговите поддржувачи веруваат дека неговата пасивна битка, која наликувала на онаа на Ганди, е причината што треба да ја добие наградата.

3. Еленор Рузвелт

Еленор е многу повеќе од поранешната прва дама на САД – таа била политички активна исто колку и нејзиниот сопруг. Всушност, таа ја водела првата мисија на САД кон Обединетите Нации и ѝ овозможила на САД да сфати колку се значајни ОН.

4. Папата Јован Павле II

Јован Павле II се смета за еден од највлијателните лидери на 20-тиот век. Тој помогнал да се стави крај на комунистичкиот режим во неговата родна Полска, и со текот на времето во цела Европа.

5. Дороти Деј

Како една од најзначајните личности за време на Големата депресија, Дороти Деј го организирала Движењето на католичките работници. Нејзината мисија била да им помогне на семејствата одново да ги изградат нивните животи и да промовира мир со заедничко живеење и еднакво распределено богатство. Нејзините движења се распространиле и во Канада и во Европа и се активни до денес.

25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

6. Кен Саро-Вива

Познат како Ганди од Нигерија, Кен Саро-Вива бил дел од луѓето Огони, малцинство од Нигерија, и отсекогаш бил искрен за неговата омраза кон власта во неговата држава. Поради експлоатацијата на луѓето од страна на власта, тој формирал организација која ќе ги заштити правата на малцинството и организирал ненасилни демонстрации.

7. Фазле Хасан Абед

Фазле имал голема улога во градењето на Бангладеш по Индо-Пакистанските војни. По војната Бангладеш станала автономна држава, но била речиси уништена. За да ѝ помогне на својата нација, тој формирал организација чија цел била одново да ја изгради инфраструктурата на Бангладеш и да им помогне на луѓето да ги изградат нивните домови. Со текот на времето организацијата стана една од најголемите од овој вид во светот.

8. Корасон Акино

Позната како првиот женски претседател во Азија, Корасон воспоставила голем број демократски и хуманитарни реформи во Филипините. Почетокот на нејзиното владеење го означило крајот на диктатурата во Филипините. Таа се смета за една од највлијателните жени во историјата на светот.

9. Ирена Сендлер

Ирена била медицинска сестра и социјален работник од Полска која служела во полското подземје во текот на Втората светска војна. Таа пренела над 2.500 еврејски деца надвор од Варшава и им обезбедила лажни документи со што ги спасила од холокаустот.

10. Махатма Ганди

Иако повеќето луѓе знаат за Ганди и веројатно помислувате на него кога станува збор за награди за мир, тој никогаш не ја добил Нобеловата наградата. Тоа не значи дека неговото влијание останало незабележано.

25 луѓе кои ја заслужиле Нобеловата награда за мир, но никогаш не ја добиле

11. Доктор Фенг Шан Хо

Поранешниот генерал на Кинеската амбасада во Виена бил познат како кинескиот Шиндлер. Во 1940-тите, кинескиот амбасадор од Берлин му наредил на Хо да не им дава визи на евреите. Но тој не ја следел оваа наредба и издал 2.000 визи во текот на 6 месеци, со тоа спасувајќи илјадници евреи.

12. Стивен Бико

По апсењето на Нелсон Мандела во 1964-та година, Стивен Бико го презел водството и застанал на чело на јужноафриканското движење против апартхејдот. Тој сакал единство помеѓу сите нации и проповедал против насилството. Го посветил неговиот живот на мирните протести, но бил убиен од полицијата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар