25 клучни совети за планинарење што секој почетник треба да ги знае
Доколку планирате да почнете со планинарење, добро е да ги знаете овие совети. Планинарењето е одлично хоби и не бара многу подготовка за да го започнете. Сепак, доколку се движите на подолги патеки, потребно е да испланирате некои работи. Од времето, па сè до облеката и храната, ова се 25-те совети што секој почетник треба да ги знае.
1. Доколку ви е потребен оган за време на преноќувањето, соберете дрва. Штом ќе помислите дека сте собрале доволно, соберете уште 5 пати повеќе.
2. Постои една одлична изрека која ни кажува дека не постои лошо време, туку само несоодветна облека. Па, подгответе се за секакви временски услови, особено за дожд.
3. Освен ако немате потреба да спакувате помалку работи, понесете повеќе примероци од најважните нешта, како на пример, батерии.
4. Секогаш кажете му на некој што не планинари со вас каде ќе одите и кога ќе се вратите. На овој начин, доколку се случи нешто и не се вратите навреме, личноста ќе знае кога да повика помош.
5. За повеќето места ќе ви биде потребно средство против инсекти.
6. Доколку планирате да планинарите, понесете уште еден пар чорапи. Додека другата облека може да се исуши, чорапите најчесто остануваат влажни.
7. Не ви е потребна батериска ламба, туку светилка за на главата. Доколку одите во планините, не прескокнувајте го ова. Доколку светилката не ви помага да гледате низ магла, ќе имате проблеми.
8. Бидете свесни за вашите ограничувања. Доколку никогаш не сте планинареле претходно, направете го тоа со водaч.
9. Очекувајте неудобност. Ќе бидете изморени и ќе ви биде студено, но ќе можете да издржите. Уживањето за време на патувањето воглавно зависи од вашиот став.
10. Никогаш не оставајте храна на отворено и не оставајте ја во шаторот. Најдобро е да ја складирате храната на дрво.
11. Не заборавајте на заштитна крема од сонце, дури и на студените места. Сонцето рефлектирано од снегот може да ги предизвика најлошите изгореници.
12. Носете балсам за усни, особено ако одите на планина. Испуканите усни непотребно ќе ви го уништат патувањето.
13. Иако сите сме навикнати да користиме технологија, доколку одите каде било надвор од Европа, ќе ви бидат потребни мапа и компас. Причината е што нема насекаде мрежна покриеност, ниту пак цивилизација. На пример, дивината во Северна Америка може да биде навистина „дива“ и нема да можете да пешачите до следното село за да побарате помош.
14. Доколку заглавите во шумата без тоалетна хартија, можно е да имате проблеми. Но се разбира, лисјата можат да ви помогнат во оваа ситуација.
15. Понесете водоотпорна торба за важите нешта. Во неа можете да чувате и облека, во случај да се намокрите или да падне температурата.
16. Иако можеби нема да го користите мобилниот телефон, најдобро е барем еден од групата да има целосно наполнет телефон во случај на незгода.
17. Не заборавајте на кутијата за прва помош. Нема потреба да носите многу работи, но понесете ги барем основните – завој, антисептик и слично.
18. Осигурете се дека можете да запалите оган и опремете се за тоа. Не заборавајте на водоотпорните чкорчиња.
19. Ако само што сте го купиле шаторот, многу важно е да пробате да го составите пред да тргнете на патување. Кога ќе бидете сред шума во темно, склопувањето нема да биде забавно.
20. Перниците на дување не се најудобното нешто на светот, но се многу подобри од куп облека. Нема потреба дополнително да си го отежнувате спиењето.
21. Не оставајте ги чевлите надвор од шаторот, особено доколку кампувате во Јужна Америка или Австралија. На овие места има многу повеќе животни за разлика од Европа.
22. Подлогата за спиење под вреќата за спиење ќе направи голема разлика. Иако секогаш треба да се обидете да најдете место за кампување пред да падне ноќ, немате никаква гаранција. Понекогаш наоѓањето на удобно место навечер може да биде тешко.
23. Добро е да понесете и малку дрво за разгорување. Кога врне, потешко е да најдете суви дрва за палење на огнот.
24. Доколку планинарите, најдобро е да понесете облека што е отпорна на влага. Ова е најдоброто нешто што можете да го направите за да ви биде поудобно. Дури и ако заврне, вашата облека нема да ви биде тешка и влажна. Имајте на ум дека фармерките и памукот се најлош избор за планинарење бидејќи не се сушат, а кога се влажни се лепат за телото.
25. Соберете што е можно повеќе информации за вашата планинска тура, уште пред да почнете да се пакувате. Потоа направете листа со нештата што ќе ви бидат потребни. Доколку треба да поминете глечер но немате соодветна опрема, за вас патувањето ќе заврши таму.
Доколку не знаете од каде да почнете, зошто да не видите како изгледа пролетта на Кожуф?