25 изненадувачки психолошки факти кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете луѓето
Секогаш е интересно и забавно да се учат нови работи поврзани со човечката психологија бидејќи на тој начин подобро се запознаваме себеси, но и другите луѓе. Нема ништо попривлечно од тоа да се разбере причината за начинот на кој се однесуваме, ги третираме другите и се изразуваме себеси. Ова се 25-те најинтересни психолошки факти кои ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси, како и луѓето околу вас…
1. Секое пријателство кое се родило во возраста помеѓу 16 и 28 години има големи шанси да биде цврсто и вечно.
2. Жените претпочитаат мажи со длабоки, рапави гласови бидејќи тие изгледаат посамоуверени, но не и агресивни.
3. Луѓето коишто даваат најдобри совети, се обично тие со најмногу проблеми.
4. Колку попаметен е еден човек, толку побрзо размислува и толку понесмасен е неговиот ракопис.
5. Нашите емоции немаат влијание врз начинот на кој комуницираме. Всушност, токму спротивното се случува: Начинот на кој комуницираме влијае врз нашето расположение.
6. Начинот на кој еден човек се однесува со вработените во некој ресторан открива многу за неговиот карактер.
7. Луѓето кои имаат силно чувство на вина подобро ги разбираат размислувањата и чувствата на другите.
8. Мажите не се посмешни од жените. Тие само кажуваат повеќе шеги, без да се грижат дали на другите луѓе ќе им се допадне нивниот хумор или не.
9. Срамежливите луѓе малку зборуваат за себе, но кога зборуваат тоа го прават на таков начин што останатите чувствуваат како многу добро да ги познаваат.
10. Жените имаат два пати повеќе рецептори на телото од мажите, но имаат многу повисок праг на толеранција на болка.
11. Слушањето гласна музика прави да се чувствувате смирени, релаксирани и среќни.
12. Ако не можете да ги запрете вашите мисли навечер, станете и запишете ги. На овој начин ќе го смирите вашиот ум и ќе можете да заспиете.
13. Пораките за добро утро и добра ноќ го активираат делот од мозокот одговорен за чувството на среќа.
14. Ако правите работи кои ве плашат, ќе станете посреќни.
15. Жената може да чува тајна отприлика 47 часа и 15 минути.
16. Луѓето кои се обидуваат да ги направат другите среќни, често се чувствуваат најосамени.
17. Колку сме посреќни, толку помалку спиење ни е потребно.
18. Кога ја држите раката на саканата личност, помалку чувствувате болка и помалку се грижите.
19. Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели од просечната личност. Колку што е попаметен човекот, толку е попребирлив.
20. Доколку стапите во брак со вашиот најдобар пријател, тоа ќе ги намали шансите за развод до 70%, и поголема е веројатноста овој брак да трае вечно.
21. Жените кои имаат претежно машки пријатели, почесто се добро расположени.
22. Луѓето кои зборуваат два јазика, несвесно можат да ја променат својата личност кога преминуваат од еден на друг јазик.
23. Ако бидете сами долг период, тоа е исто толку штетно по вашето здравје како и да пушите 15 цигари на ден.
24. Патувањето го подобрува здравјето на мозокот и го намалува ризикот од срцев удар и депресија.
25. Луѓето изгледаат попривлечно кога зборуваат за нештата кои навистина ги интересираат.