25 инспиративни факти за Стивен Хокинг кои веројатно не сте ги знаеле

25 инспиративни факти за Стивен Хокинг кои веројатно не сте ги знаеле

Стивен Хокинг беше модерниот Алберт Ајнштајн. Лутајќи низ универзумот со помош на неговиот ум, тој откри многу мистерии и ни помогна да научиме нешто повеќе. И покрај неговата болест, Хокинг беше важна личност во поп културата. Неговата цел беше да ја направи науката подостапна за секој човек. За жал, тој почина на 14-ти март, 2018-та година на возраст од 76 години, па во негова чест прочитајте неколку интересни факти за него.

25 инспиративни факти за Стивен Хокинг кои веројатно не сте ги знаеле

1. Уште од рана возраст сакал математика, но татко му го терал да студира медицина. И покрај сè, тој се запишал на физика на Оксфорд бидејќи универзитетот не нудел студии по математика.

2. Не можел да чита добро сè додека не наполнил 8 години. Според него, тој бил навистина мрзелив студент додека бил на Оксфорд.

3. Стивен Хокинг е роден 300 години од смртта на Галилео, а почина на роденденот на Алберт Ајнштајн.

4. Неговиот сон бил да напише книга за физика која би ја сфатила широката јавност. Резултатот е книгата „Кратка историја на времето“ (A Brief History of Time), издадена во 1988-ма година, која ја напишал со помош на неговата направа за зборување и неговите ученици.

5. Во 1963-та година бил дијагностициран со амиотрофична латерална склероза и лекарите не очекувале да живее подолго од 3 години. Но Стивен Хокинг ги надмина очекувања на сите и живееше уште 55 години по дијагнозата.

25 инспиративни факти за Стивен Хокинг кои веројатно не сте ги знаеле

6. По процедурата трахеотомија, Стивен го изгубил својот глас и имал потреба од 24-часовна нега. За среќа, во 1985-та година еден програмер од Калифорнија дознал за неговата состојба и му направил компјутер за комуницирање кој го користел со движење на очите и главата.

7. Хокинг бил во брак 2 пати. Првата сопруга е мајка на неговите 2 деца, но тој брак завршил со развод во 1990-та година. Тој ја напуштил сопругата за неговата медицинска сестра, Елајн Мејсон. Таа побарала развод во 2006-та година.

8. За да докаже дека патувањето назад во времето не е возможно, Хокинг организирал забава за временски патници на којашто не се појавил никој, докажувајќи ја неговата поента. Тој дури ги испратил поканите откако завршила забавата.

9. Неговата докторска теза бил насловена „Својствата на универзумот што се шири“. Во главно, тој сакал да покаже дека универзумот може да се создаде со математички термини, започнувајќи со Големиот прскот. Кога тезата беше објавена онлајн, веб-сајтот падна поради големата посетеност.

10. Хокинг тврдел дека е атеист и дека не верува во Бог, рај или живот по смртта. И покрај ова, сепак тврдел дека универзумот и животот имаат смисла.

25 инспиративни факти за Стивен Хокинг кои веројатно не сте ги знаеле

11. Не само што беше познат научник, Стивен Хокинг се има појавено и во неколку телевизиски серии како „Ѕвездени патеки“, „Симпсонови“ и „Теоријата за Големиот прскот“.

12. Хокинг често зборуваше за тоа каков би бил крајот на светот. Според неговите теории, пропаста на човештвото би била поради вештачка интелигенција, нуклеарна војна, пандемија, климатски промени или пренаселеност. Исто така, тој беше поборник за наоѓање нова планета за живот.

13. На 65-годишна возраст Хокинг искуси нулта гравитација. Тој беше во бестежинска состојба цели 4 минути.

14. Постои равенка која го носи неговото име – Хокингова равенка. Оваа формула е основата за разбирањето на црните дупки. Хокинг изјави дека сака равенката да биде изгравирана на неговата надгробна плоча.

15. Заедно со Џим Хартл, во 1983-та година Хокинг ја смислил теоријата за безграничен универзум. Односно, универзумот нема граници, но сепак е содржајно битие.

25 инспиративни факти за Стивен Хокинг кои веројатно не сте ги знаеле

16. Во 1997-ма година Хокинг се обложил со физичарот Џон Перскил тврдејќи дека информациите се губат во црните дупки. Џон сметал дека информациите може да избегаат. Во 2004-та година, Хокинг признал дека не бил во право.

17. Во 1985-та година Хокинг имал пневмонија и речиси умрел. Лекарите сакале да ги исклучат машините што го одржувале во живот, но неговата сопруга не дозволила.

18. Хокинг добил неколку награди и признанија вклучувајќи ја и наградата Алберт Ајнштајн, медалот Хјуз од кралското општество и претседателскиот медал за слобода од Барак Обама.

19. Стивен Хокинг е автор и на книги за деца. Тој и неговата ќерка Луси напишале серијал детски книги од кои првата е наречена „Тајниот клуч на Џорџ до универзумот“ (George’s Secret Key to the Universe). Подоцна биле издадени уште 4 книги.

20. Иако не верувал во Бог, Хокинг верувал дека постои и друга еволуирана вонземска раса. Сепак, тој предупредувал дека ако некогаш сме посетени од некоја таква раса, тоа не би завршило добро за човештвото.

25 инспиративни факти за Стивен Хокинг кои веројатно не сте ги знаеле

21. Еднаш Хокинг изјавил дека ако најдеме начин да ја користиме енергијата од црна дупка, би можеле да го напојуваме целиот свет со електрична енергија.

22. Хокинг, заедно со други физичари како Нил Деграс Тајсон, ја подржувал теоријата за мултиверзум. Според оваа теорија, ние сме само еден од неколку паралелни универзуми во космосот.

23. Хокинг заработил речиси 3 милиони евра откако ја добил Специјалната награда за фундаментална физика за неговото големо животно дело.

24. Проценето е дека богатството на Хокинг изнесува речиси 7 милиони евра, од кој поголемиот дел е од продажбата на неговите книги.

25. Иако без сомнение Хокинг е генијот на нашето време, не е познат неговиот коефициент на интелигенција. Еднаш, кога му било поставено тоа прашање, изјавил:

„Не знам. Луѓето кои се фалат со својот коефициент на интелигенција се губитници.“

Прочитајте и некои од најдобрите цитати на Стивен Хокинг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар