25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот

25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот

Дали имате желба за патување? Дали барате да додадете уште нешто на листата со места што сакате да го посетите? Оваа листа ќе ви помогне во тоа. Овде ќе најдете места погодни за авантуристи, но и места каде што ќе можете да уживате и да се релаксирате. Без разлика какво патување сакате, ова се дестинациите што мора да ги посетите барем еднаш во вашиот живот.

1. Планините Тијанзи, Кина

25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот

Овие планини се наоѓаат во провинцијата Хунан и имаат околу 100 природни платформи за набљудување. За да стигнете до овде ќе треба да патувате со жичара.

2. Санторини, Грција

25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот

Санторини е место со некои од најголемите вулкански ерупции низ историјата. Оваа група грчки острови има живописни градови покрај плажа и медитерански зајдисонца. Можете да уживате во прекрасната храна и задолжително пробајте го специјалното козјо сирење.

3. Мачу Пикчу, Перу

25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот

Сместен на планина над долината Урубамба во Перу, ова е можеби најневеројатниот остаток од империјата на Инките.

4. Aзорски Острови

25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот

Составени од неколку вулкански острови во северниот Атлантик, Азорските Острови се познати по нивната природна убавина и изолација. Покрај тоа ова место е навистина евтино за посета.

5. Големиот кинески ѕид, Кина

25 дестинации што мора да ги посетите барем еднаш во животот

Протегајќи се на илјадници километри, Големиот кинески ѕид е заштитен од УНЕСКО од 1987-ма година. Погледот, историјата и неверојатната архитектура го прават ова место задолжително за посетување.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар