25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети
19. Рејонизација на универзумот
Додека генералната теорија за настанокот на универзумот е Големиот прскот, имало и тврдење за период наречен Рејонизација кој е малку чуден. Се верува дека овој период траел 1 милијарда години, сè додека галаксиите и ѕвездите не почнале да го рејонизираат водородот во универзумот. Проблемот е што сите познати галаксии и ѕвезди не би имале доволно енергија да го направат тоа.
20. Чудна ѕвезда
Во 2015-та година астрономите забележале нешто чудно кај ѕвездата KIC 8462852. Имала необична пулсирачка светлина и многумина сметале дека е резултат на некоја вонземска мегаструктура. По неколку набљудувања, научниците заклучиле дека најверојатно станува збор за облак од прашина кој се движи околу ѕвездата и ја блокира нејзината светлина на секои 700 денови. Сепак, потребно е уште истражување.
21. Темен тек
Јадрата од галаксии во близина на соѕвездијата Кентаур и Хидра се движат со огромна брзина кон специфична насока. Ова е познато како темниот тек. Но темниот тек е контроверзен бидејќи не би требало да постои и научниците не знаат зошто се наоѓа таму. Неговото постоење укажува на нешто надвор од нашиот универзум што ги влече овие јадра од галаксии.
22. Сигналот „Wow!“
Во 1977-ма година, астрономот Џери Ехман забележал радио сигнал од вселената. Тој ги заокружил радио брановите и веднаш до нив напишал Wow!, па од овде потекнува и името на сигналот. Со децении никој не знаеше од каде доаѓа овој сигнал, а многумина веруваа дека станува збор за вонземјани. Сепак, неодамнешна теорија предлага дека станува збор за пар комети кои испуштале радио фреквенција.
23. Мистериозен објект
1991 VG е мистериозен објект откриен од астрономот Џејмс Скоти. Со дијаметар од само 10 метри, има слична орбита како Земјата и многумина сметаат дека е астероид, вонземски вселенски брод или руска сонда.
24. Масивна експлозија на ѕвезда
Ова е најголемата експлозија на ѕвезда која е откриена досега. Се верува дека е 20 пати посветла од нашиот Млечен пат. Астрономите не се сигурни од која галаксија доаѓа, но веруваат дека е на далечина од 3,8 милијарди светлосни години. Сè уште не е јасно како и што би можело да произведе толку многу енергија.
25. Зомби ѕвезди
Кога ѕвездите експлодираат, тие обично умираат и остануваат мртви. Но неодамна научниците откриле супернова која експлодирала, умрела и потоа повторно експлодирала. Се верува дека овие зомби ѕвезди експлодираат делумно и нивните јадра остануваат цели пред да експлодираат уште неколку пати додека не умрат целосно.
Прочитајте ги и овие морничави теории за универзумот.