25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети - Part 3

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

13. Прстените на Сатурн

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Благодарение на Касини научивме многу за прстените на Сатурн, но постојат и многу мистерии. Знаеме дека тие се направени од вода и мраз, но научниците не се сигурни како се формирале или колку се стари.

14. Експлозии од гама зраци

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Во 1960-тите, за време на Студената војна, сателитите на САД откриле експлозии од радијација кои доаѓале од вселената. Експлозиите биле интензивни, кратки и доаѓале од непознат извор. Денес ни се познати како Експлозии од гама зраци. Доаѓаат во долги и кратки форми, а некогаш се случуваат поради формирањето црни дупки. Сепак, не е познато зошто експлозиите преферираат неправилни галаксии наместо спирални или елиптични и зошто има помалку наместо повеќе од овие експлозии?

15. Мистериозната месечина на Сатурн

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Крстена Пеги, мистериозната месечина во еден од прстените на Сатурн продолжува да ги збунува научниците. Забележана е неодамна, во 2013-та година и се верува дека е месечина која се формира во прстените, но никој не може да потврди со сигурност. Додека Касини паѓаше на Сатурн, истражувачите собраа повеќе податоци од месечината со надеж дека ќе научат нешто повеќе за неа.

16. Темна енергија

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Темната енергија е хипотетички материјал за кој научниците тврдат дека е дел од универзумот кој постојано се шири. Но, никој не разбира што всушност претставува. Неодамна некои астрономи изјавија дека темната енергија воопшто не постои и дека универзумот не забрзува како што се мислело порано.

17. Барионска материја

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

На астрономите им е тешко да најдат темна материја и темна енергија во универзумот, а немаат повеќе среќа ни со барионската материја. Барионската материја се состои од атомите и јоните од кои се составени планетите, ѕвездите, прашината и гасот во универзумот. Голем дел од неа не е забележан поради мистериозното исчезнување, а никој не е сигурен зошто се случило ова.

18. Правоаголна галаксија

25 бизарни работи во вселената што не можат да бидат објаснети

Во 2012-та година астрономите открија навистина необична галаксија наречена LEDA 074886. Она што е чудно е нејзината форма на правоаголник, нешто невидено досега.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар