24 здравствени придобивки од марихуаната
Дали знаевте дека иако постојат околу 100 проверени истражувања кои докажуваат дека состојките на канабисот, особено канабидиолот (ЦБД), можат да го отстранат ракот, оваа тревка сепак е забранета во многу држави? Всушност, таа се наоѓа на истата листа со хероинот и ЛСД-то, иако не постои случај каде што човек умрел од марихуана. Погледнете некои од многубројните придобивки од ова растение.
1. Ова истражување покажало дека марихуаната може да ја намали хроничната болка кај пациентите кои страдаат од болести кои го исцрпуваат телото.
2. Луѓето со епилепсија имаат помалку напади откако ќе почнат да консумираат масло од канабис.
3. Пациентите кои страдаат од гадење и повраќање имаат олеснување на симптомите по употребата на медицинска марихуана. Оваа тревка исто така е одлична за луѓето кои примаат хемотерапија.
4. Медицинската марихуана го зголемува апетитот на луѓето кои примаат хемотерапија, и кај луѓето кои имаат нарушувања во исхраната.
5. Канабидиолот е одличен за добар сон и им помага на лицата со несоница.
6. Канабидиолот ги намалува анксиозноста и симптомите на депресија.
7. Канабисот го заштитува црниот дроб од прекумерното консумирање алкохол.
8. Канабидиолот го спречува развивањето на канцерогените клетки кај луѓето со рак на белите дробови, градите и простата.
9. Несаканите ефекти од мамурлакот се намалуваат со медицинската марихуана.
10. Лосионите со канабидиол успешно ги намалуваат инфекциите и осипите.
11. Канабидиолот ги намалува болките во мускулите.
12. Канабидиолот ги намалува симптомите кај луѓето кои имаат проблеми со дигестивниот систем.
13. Луѓето кои страдаат од пострауматски стрес се чувствуваат подобро по користењето медицинска марихуана.
14. Медицинската марихуана може да го подобри квалитетот на животот кај луѓето кои страдаат од Паркинсонова болест.
15. Состојките на марихуаната можат да ја подобрат дигестијата.
16. Докажано е дека канабидиолот ја намалува болката кај жените за време на ПМС.
17. Во некои истражувања, канабидиолот се покажал како одличен лек за некои сексуално-преносливи болести, како херпесот.
18. Марихуаната може да ја зголеми желбата за секс, и да го подобри целокупното сексуално искуство.
19. Маслата кои содржат канабис го намалуваат чешањето предизвикано од убоди од комарци и други инсекти.
20. Марихуаната им помага на атлетичарите да го задржат фокусот за време на напорните тренинзи.
21. Канабисот го намалува нивото на шеќер кај луѓето кои имаат дијабетес.
22. Канабидиолот ги намалува симптомите кај луѓе кои страдаат од псоријаза.
23. Марихуаната ја намалува болката предизвикана од мултиплекс склероза.
24. Бидејќи канабидиолот ги намалува воспаленијата, може да го намали и напредувањето на воспалителните болести.
Дали знаевте дека алкохолот и цигарите се поопасни од марихуаната?