24 смешни работи кои сите девојки ги имаат направено барем еднаш

24 смешни работи кои сите девојки ги имаат направено барем еднаш

Иако секоја девојка е различна и посебна на свој начин, постојат некои работи низ кои сите тие минуваат. Погледнете за кои станува збор. Во колку од овие ситуации се пронајдовте?

24-smeshi-raboti-koi-site-devojki-gi-imaat-napaveno-barem-ednash-kafepauza.mk

1. Сте го гледале вашиот задник во огледало пред туширање бидејќи немате друга можност за тоа во текот на денот.

2. Ги носите истите фармерки неколку денови по ред.

3. Всушност, не сакате да ги исперете бидејќи ја губат формата.

4. Сте поминале многу време отстранувајќи зараснати влакна.

5. Сте носеле бушава пунџа неколку денови по ред бидејќи сте немале време да ја измиете косата, или пак ве мрзело да правите фризура.

6. А ако имате кратка коса, неколку денови сте носеле марама за да ги скриете мрсните корени.

7. Со задоволство би живееле со спортски градник, или пак без градник воопшто…

8. И никогаш не би ги соблекле вашите хеланки.

9. Иако треба да учите од грешките, сепак се обидувате да отстраните малку кожа од прстот која секогаш се претвора во рана.

10. Истото се случува и со мртвата кожа од усните.

11. Има денови кога вашата бања се претвора во висински салон за убавина – пилинг, маска за лице, полна када…

12. Но, некои денови не можете да се натерате ни да се истуширате.

13. Секогаш кога ги бричите нозете, испуштате едно делче одзади.

14. Имате барем една лузна од бричење.

15. Сте пробувале фустани врз панталони во продавниците.

16. Сте порачувале работи од Интернет во 3 разни големини.

17. Сте искубеле многу коса додека сте се обидувале да ја исчешлате.

18. Сте си играле со вашиот папок многу пати.

19. Сте ја набљудувале лентата со митесери за да откриете нешто интересно.

20. Сте прошетале со здолниште закачено на вашата долна облека.

21. Сте преживеале носење градник кој бил „закопан“ во вашето тело.

22. Уживате кога гледате цела серија наеднаш со чаша вино…

23. Или пак, кога излегувате.

24. Барем еднаш во животот ви рекле „Ти не си како другите девојки.“ Но знаете дека сте, и одлично се чувствувате за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар