24 ситуации кои докажуваат дека мажите се само големи бебиња

24 ситуации кои докажуваат дека мажите се само големи бебиња

Доколку сте во врска или имате повеќе машки пријатели, сигурно сте се нашле во ситуација кога тие се однесувале крајно неподносливо и незрело и вие сте морале да преземете одговорност за нивните постапки, па сте кажале: „Како е можно да си толкаво дете?!“ Овие 24 ситуации совршено ги опишуваат тие моменти кога детското однесување ја надвладува силната надворешност на мажите:

24 ситуации кои докажуваат дека мажите се само големи бебиња

1. Некако решаваат дека не им се допаѓа секоја нова храна уште пред да ја пробаат

Ова особено важи за поегзотичните кујни кои се необични и не многу застапени. Количината на оброкот исто така игра голема улога. Ако е помала, зошто воопшто да почнуваат да јадат кога пак ќе огладнат за половина час?

2. Кога не добиваат доволно внимание

Сигурно ви се случило тој да ви прати порака на која не сте вратиле и потоа да се шокирате кога ќе видите дека стигнале уште милион пораки со прашалници. Момците никако не можат да разберат дека поминало помалку од еден час, и дека едноставно нема потреба од паника!

3. Пред секој важен состанок или настан „гуглаат“ што значи полуформален дрес код

Со часови поминуваат пред компјутер разгледувајќи ги сите можни модни комбинации. А иронијата е дека на крајот пак ќе завршат облечени во истата кошула и сако што ги носат на сите родендени, свадби и фамилијарни собири.

4. И најмалото гребење на грлото го сметаат за тешка болест

Освен ако кога се разбудат не се чувствуваат моќно како Херкулес, тие почнуваат да се жалат дека им е тешко и дека сè ги боли дури и при најмалите симптоми на настинка.

5. Кога навистина се болни се однесуваат како да се на смртна постела

Не е важно што вие цела недела одите на работа со истата настинка! Не, вие мора да се грижите за него како да се работи за живот или смрт и не дај Боже да го оставите сам подолго од неколку часа. Мора да сте до него и да го негувате со супи, витамински бомби и други магични пијалаци затоа што неговиот живот е во ваши раце!

6. Сепак дури и да се работи за посериозна повреда како скршена нога, одбиваат да одат на доктор додека не ги натерате со сила

Тие се толку силни што можат да ја издржат секоја болка на светот! Со одењето на доктор само ќе ја погазат својата машкост. Тоа сакаат вие да го мислите. Вистината е дека се плашат од инјекциите што ќе треба да ги примат.

7. Секогаш кога ќе направат нешто добро, што во реалноста не е ништо посебно, очекуваат да ги пофалите како да ја откриле Америка

Петка на рачето за секој пат кога ќе сменат сијалица! Вистински маж во куќа!

8. Иако пред долго време престанале со цицање, сè уште чувствуваат незаситна љубов спрема женските гради

Треба да се запрашате дали го прават тоа како предигра или затоа што едноставно ги потсетува на периодот кога биле бебиња?

9. Во отмен ресторан по сто пати го препрочитуваат менито за на крај пак да нарачаат хамбургер и пржени компири

Да беше поентата пак да ја јадете истата брза храна, немаше да се дотерате и да поминете половина час пат за да стигнете до новиот ексклузивен ресторан! Ќе отидевте по тренерки до сендвичарата пред зграда!

24 ситуации кои докажуваат дека мажите се само големи бебиња

10. Невозможно е да се спие со нив навечер затоа што постојано се превртуваат

Постојано нешто не им е во ред. Премногу жешко, премногу ладно, перницата е премногу тврда… Нема крај на нивните жалби и поплаки!

11. Ако ги гушкате кога не се расположени за тоа, стануваат вознемирени и нервозни

Исто како и бебињата кога се случува нешто што не е по нивна волја.

12. Кога им треба нова облека секогаш одат само во едната иста продавница

И вообичаено таму не наоѓаат ништо што им се допаѓа, па наместо да прошетаат и да разгледаат и во други продавници, се однесуваат како тоа да е единствената продавница на светот и веднаш се откажуваат. Нека нè очекуваат вие да купувате за нив. Постојат и други продавници!

13. Ако сосот за шпагети не е ист како оној на мајка им, веднаш прашуваат каде сте го утнале рецептот

Готвењето на мајка им е секогаш најдобро и тука нема дискусија. Нема поента да се расправате и да се обидувате да докажете дека постојат повеќе начини да се направи сос болоњезе. Ќе изеде сè што му е сервирано на чинијата како и да е.

14. Често треба да ги натерате да се пресоблечат пред да одите негде

Ним воопшто не им прави разлика дали ќе отидат на отмен ручек со вашите пријатели во истата маица што не ја соблекле цела недела и плус играле фудбал во неа.

15. Кога ќе купат нов телефон се однесуваат како да добиле нова играчка

Се затвораат во соба и не излегуваат цел ден додека не завршат со играње. Тој ден за нив светот стои во место и не забележуваат никого и ништо. Џабе се трудите.

24 ситуации кои докажуваат дека мажите се само големи бебиња

16. Сè уште нарачуваат кечап со сочното парче бифтек кое го платиле скапо

Готвачот би се утепал од плачење кога би дознал дека совршено зготвениот бифтек го уништуваат со обичен кечап.

17. Често испуштаат едносложни извици како „мххх“ или „меех“

На тој начин тие даваат знак дека ве слушаат. Прекрасно е кога неговата реакција на вашата интересна приказна е неартикулиран пештерски звук, нели?

18. Никогаш не ги креваат чорапите од подот

Премногу им е тешко да ги однесат чорапите до корпата за валкани алишта, иако е на метар оддалечена од нив. Не им пречи чорапите да стојат таму по цели недели. Совршено функционираат во таква средина.

19. Секогаш кога одите на плажа или на кое било друго место вие сте задолжени во вашата чанта да ги трупате и нивните работи

Сите жени носат чанти со милион работи во нив, но тоа не значи дека треба да се товарите и со нивните лични работи како смешната опрема за нуркање која и онака нема да ја искористат. Мажите се неспособни да носат чанта. Во ред е, разбравме.

20. Стануваат нервозни кога се гладни

Нивото на толеранција на глад им е нула. Не смеете да ги оставите гладни бидејќи тогаш навистина ќе си имате работа со големо расплакано и нервозно бебе. Најинтересниот дел е што очекуваат храната магично да се појави пред нив, бидејќи тие не можат самите да си подготват јадење во таква вознемирена состојба.

24 ситуации кои докажуваат дека мажите се само големи бебиња

21. Веднаш се откажуваат ако не успеат да направат нешто при првиот обид

И тогаш ви велат: „Не знам јас, зошто не го направиш ти?“. Но, тие всушност се преправаат дека не знаат да мијат садови затоа што едноставно не сакаат да се потрудат.

22. Можат да живеат во вистинска кочина додека некој не ги натера конечно да ја фатат крпата

Ним не им пречат неизмиените чаши, чинии и празните лименки пиво што им стојат до креветот три недели. Дури и се гордеат со малите животинчиња што почнуваат да им шетаат наоколу бидејќи се чувствуваат како кралот на животинското царство.

23. Не можат да седат мирно на реклами

Мора веднаш да најдат друга форма на забава, затоа што воопшто не се трпеливи. Не разбираат дека рекламите ќе поминат додека да го видат резултатот на фудбалскиот натпревар.

24. Прашуваат каде се остатоците од вчерашната пица додека стојат точно пред фрижидерот

Вие сте во сосема друга просторија правејќи нешто трето кога одеднаш слушате како некој беспомошно ве вика. Не можат самите да се потрудат да најдат нешто. Очекуваат вие во секој момент да знаете на кое место се наоѓа она што им треба. Баш би било убаво навистина да ја имавте таа супермоќ, нели?

Секако дека од секое право постои исклучок, но сигурно го пронајдовте вашиот партнер во барем половина од овие комични ситуации. Никој не е совршен и мора да признаете дека ова однесување на мажите им дава некој детски шарм. А кој знае да сака поискрено од децата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар