13. Па и онака воопшто не се гледам со луѓе во текот на денот. Во ред е така?
14. Дали изгледам како момче?!
15. Можеби ако ја извиткам косата ќе изгледам подобро. Особено како кадриците на Жизел Бундхен. Па иако го немам користено фигарото воопшто, ова ми изгледа како добра идеја. Всушност, како одлична идеја!
16. О не, не, не! Ова воопшто не изгледа како Жизел. Каде ми е пеглата за коса?!
17. Можеби мачкините очи ќе го привлечат вниманието и сите ќе ја игнорираат мојата ужасна фризура?
18. Не дај Боже! Па добро, ќе го измијам лицето. (следи мирисање на мишките) Повторно треба да се туширам?
19. Уф, поминаа 45 минути. Добро, набрзина ќе одлучам што да носам, па макар било штогоде, само да бидам облечена!
20. Не се погледнувам во огледало, не… не… нема… (ѕиркање кон огледалото)
21. ЌЕ СЕ УБИЈАМ! НЕ МОЖАМ ДА ГО НОСАМ ОВА! ПРЕМНОГУ МИ ГИ НАГЛАСУВА КОЛКОВИТЕ! Дали отсекогаш вака сум изгледала?!
22. Океј, супер си. Изгледаш одлично. Само облечи го она што првично имаше намера да го носиш и излези веќе!
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.
„За сè има причина, и за секоја цел под небото има време. Време за раѓање и време за умирање, време за рушење и време за градење, време за фрлање камења и време за собирање камења, време да се молчи и време да се зборува.“
Во последно време забележувам еден тренд на напаѓање, навредување, критикување и како последица на претходните – банирање. Без да наведувам конкретни имиња на групи, ќе споделам неколку свежи искуства од кои бев запрепастена.