24 мисли кои ќе ве инспирираат
Автор: Бојана Мандевска
Постојат моменти кога светот се руши, самодовербата и храброста се на најниско ниво, сè е облачно и тажно. Но, секое лошо е за добро, секоја тага носи нова среќа. Кренете ја главата и продолжете понатаму. Не дозволувајте моменталните неуспеси и разочарувања да ве депримираат. Ниедна тага не е вечна. Секогаш бидете тоа што сте. Никогаш не обидувајте се да сокриете кои сте. Најголемиот срам во животот е да имате срам. Секогаш стојте зад она во коешто верувате. Не жалете за минатото, тоа е само губење време. Сè се случува со причина, секоја грешка, секој момент на слабост, секој страв со кој се соочувате се начини на кои растете и созревате. Единствен начин да стекнете туѓа почит е да покажете дека самите се почитувате. И најважно од сè, никогаш не барајте извинување за тоа што сте.
„Кога светот вели ‘откажи се’, надежта шепоти ‘пробај уште еднаш’.“ – анонимен автор
„За бидеш најдобар, потребно е да се справиш со најлошото.“ – Вилсон Канади
„Никогаш не дозволувајте вашето минато да ви диктира кои сте, но сепак нека биде дел од она што ќе станете.“ – Џони Магања
„Луѓето кои нè повредуваат ни ги даваат најголемите лекции во животот.“ – анонимен автор
„Следете го вашето срце без сомневање. Ако е во право, ќе успеете, ако не, ќе научите.“ – Вилсон Канади
„Од добрите работи учиме да бидеме благодарни, а од лошите да бидеме силни личности.“ – Вилсон Канади
„Не можам да го сменам правецот на ветерот, но можам да ги прилагодам моите едра да ме однесат до мојата цел.“ – непознат автор
„Секогаш борете се за она што го сакате, не откажувајте се од тоа без разлика колку изгледа безнадежно. И кога ќе немате веќе надеж, запрашајте се дали после 10 години би посакале да се обидевте уште еднаш, бидејќи најубавите работи во животот не се случуваат ‘бесплатно’.“ – Досонс Крик
„Сништата се денешните одговори на утрешните прашања.“ – непознат автор
„Вашиот проблем не е навистина ваш проблем. Вашата реакција на проблемот е всушност ваш проблем.“ – Брајан Кинси
„Нашите животи се подобруваат кога ризикуваме, а првиот и најтежок ризик кој можеме да го преземеме е да бидеме искрени со себеси.“ – Волтер Андерсон
„Само оние кои ризикуваат да отидат предалеку знаат до каде може да стигнат.“ – непознат автор
„Не очекувајте ништо и ќе бидете изненадени од нешто.“ – Вилсон Канади
„Ако си роден сиромашен тоа не е твоја грешка, но ако умреш сиромашен тоа ‘е’ твоја грешка.“ – Бил Гејтс
„Не плашете се да покажете кои сте навистина, бидејќи сè додека сте среќни и задоволни од себе, туѓите мислења не се важни.“ – непознат автор
„За тие кои се на врвот – не бидете премногу горди, за тие кои се на дното – не бидете засрамени. Ништо не е дефинитивно, сè уште нешто може да се промени.“ – Вилсон Канади
„Не категоризирајте се себеси, создадете нова категорија.“ – Ентони Ривера
„Не обидувајте се да бидете добри во сè. Бидете добри во нешто. Тоа е она што ве прави посебни.“ – Вилсон Канади
„Кога треба да донесете тешка одлука фрлете паричка. Кога паричката ќе биде во воздух ќе сфатите на што се надевате.“ – непознат автор
„Искушението да се откажете е најголемо во моментот кога сте на прагот од успехот.“ – Кинеска поговорка
„Секое утро ви нуди две можности: да продолжите со спиење и сонување или да станете и да почнете со остварување на вашите сни. Изборот е ваш!“ – непознат автор
„Постојат две можности во животот, да следиш или да бидеш следен. Не можеш да бидеш и возач и патник во исто време.“ – Вилсон Канади
„Моментот кога ќе престанеш да се грижиш за тоа што другите мислат, почнуваш да бидеш тоа што навистина си.“ – непознат автор
„После дождот се појавува виножито, по бурата е мирно, по ноќта доаѓа утрото, по завршетокот доаѓа нов почеток.“ – непознат автор
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.