23 интересни факти за кучињата што е убаво да се знаат

23 интересни факти за кучињата што е убаво да се знаат

Кучињата се најверните пријатели на луѓето. Тоа се покажало во многу наврати, а што знаеме ние за нив? Знаеме дека се одлични чувари на домот, одлично друштво и лек за осаменост, помагаат за опуштање и ослободување од стрес… Што друго вреди да се знае за нив освен што се верни, сакани и мудри? Прочитајте ги во продолжение следните интересни факти за нив.

1. Вилицата на просечно куче има до 90 килограми притисок, но некои видови раси имаат и појак стисок, достигнувајќи и до 200 килограми!

2. Кучињата имаат 2 пати повеќе мускули за движење отколку луѓето! Користејќи ги овие мускули тие изразуваат преку 100 емоции што ги прави човечкото лице. Оваа извонредна дарба им овозможува да слушаат звуци 4 пати подобро од луѓето.

3. Можат да лоцираат извор на внатрешен звук во 6 стотинки од секундата употребувајќи ги ушите како радар.

4. Можат да разберат до 250 зборови и гестикулации.

5. Се потат само на перничињата од шепите, но се ладат единствено со помош на вода.

6. Отпечатоците од нивните носови се единствени како човечкиот отпечаток на прстите.

7. Кучињата од расата Мопс, поради нивната специфична кратка структура на черепот, многу лесно прегоруваат и страдаат од необичен проблем – испаѓање на очите од очните јаболка.

8. Тие имаат 319 коски што е 112 пати повеќе отколку што имаат луѓето.

9. Кучешката опашка има свој јазик. Кога кучето мавта со својата опашка надесно тоа значи дека е среќно, кога мавта налево – тоа е исплашено! Ниското мавтање е синоним за фактот дека е несигурно, додека брзото движење на опашот проследено со проширени зеници може да укажува на агресија.

10. Можат да направат 10 различни звуци. За споредба, мачките можат речиси 100.

11. Влажноста на носот е од големо значење за кучињата. Благодарение на нејзе можат да одредат од каде доаѓа миризбата. Колку подолг нос имаат, толку е поефикасен нивниот систем за ладење.

12. Басењ е единствената кучешка раса која не лае.

13. Пред да заспијат се вртат на креветот. Најверојатно поради фактот дека во природата оваа инстинктивна акција симболизира криење во висока трева.

14. Еден пар и нивното потомство во само 6 години можат да создадат неверојатни 66.000 нови крзнени топчиња.

15. На некои кучиња дневно им растат и до 30 метри нови влакна!

16. Кучињата Штенци се раѓаат слепи и глуви.

17. Нивниот мирис од 10.000 до 100.000 пати е почувствителен од човечкиот.

18. Чешкиот териер е најретката кучешка раса на светот, во моментот постојат само 350 од нив.

19. Благодарение на специјалната мембрана што се нарекува рефлексивна, кучињата можат да гледаат и во мрак.

20. Нормалната температура на кучињата е помеѓу 37,5 и 39 степени Целзиусови.

21. Стапката на отчукување на нивното срце варира помеѓу 60-120 отчукувања во минута.

22. Тие не можат да се почувствуваат виновни, но можат да се чувствуваат лошо поради бесот на нивниот стопан.

23. Тие не го разликуваат концептот на добро и лошо – ја проценуваат ситуацијата врз основа на нивната безбедност.

Погледнете ги најдобрите фотографии со кучиња за 2019 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар