23-годишна мајка добила коментари дека нејзините стрии се одвратни, но нејзиниот одговор е за почит! - Part 2

23-годишна мајка добила коментари дека нејзините стрии се одвратни, но нејзиниот одговор е за почит!

Дорин добила 23.000 реакции и 12.000 споделувања, но нејзината објава била нападната и од голем број хејтери.

„Многу луѓе коментираа дека сум грда и дека им се повраќа од мене. Некои мажи кажаа дека жената е виновна што сака да има толку деца. Дали имате некаква почит кон жените во светот? Вашите мајки? Вашите сопруги? И жените кои можат да си дозволат да имаат деца? Мојот стомак воопшто не е важен. Сѐ уште можам да носам бикини по дома. Јас сум совршена толку колку што можам да бидам“, напишала Дорин.

23-годишна мајка добила коментари дека нејзините стрии се одвратни, но нејзиниот одговор е за почит!

23-годишна мајка добила коментари дека нејзините стрии се одвратни, но нејзиниот одговор е за почит!

Јасно е дека оваа горда мајка нема да се исплаши од безначајните насилници на Интернет. Нејзината смирена реакција е за почит! За среќа, негативните реакции биле надбројани од страна на многуте позитивни коментари. Во продолжение, прочитајте дел од нив…

23-годишна мајка добила коментари дека нејзините стрии се одвратни, но нејзиниот одговор е за почит!

23-годишна мајка добила коментари дека нејзините стрии се одвратни, но нејзиниот одговор е за почит!

„Дорин, ти си прекрасна! Твоите стрии се линии на една тигрица која станала мајка.“

„Еден ден, брчките ќе го покријат целото твое тело и убавината ќе избледе од твоите лице, но овие деца ќе те сакаат и ќе се грижат за тебе до самиот крај. Кога ќе ги погледнеш стриите, ќе сфатиш дека си платила многу ниска цена за нешто толку бесценето. Биди горда на тоа што си мајка! Ти си сѐ уште прекрасна!“

„Си родила 4 деца, ти си прекрасна и твоето семејство те сака таква каква што си, не ти треба одобрувањето на целиот свет за да бидеш среќна. Луѓето кои даваат негативни коментари за нечиј изглед, најверојатно имаат проблем самите со себе. Освен тоа, сите ќе остариме и убавината е релативна.“

„Ти си толку прекрасна личност. Ти си мајка на 4 прекрасни деца… не дозволувај никој да те омаловажува поради твоите лузни. Сакај ги тие лузни! Тие само те прават уште поубава и попосебна. Биди горда на себе!“

„Толку прекрасна млада жена со четворка не би требало да биде тажна поради стриите, тие се природни. Тие можеби ќе избледат, а може и нема, но тоа не е важно, тие се дел од тебе и твојата историја. Без или со нив, ти си прекрасна!“

23-годишна мајка добила коментари дека нејзините стрии се одвратни, но нејзиниот одговор е за почит!

Луѓето на Интернет понекогаш знаат да бидат навистина злобни! Прочитајте го и овој моќен одговор на покрупна жена која добила коментари дека не го заслужува нејзиниот згоден сопруг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар