23 детски изјави од коишто ќе ве полазат морници

23 детски изјави од коишто ќе ве полазат морници

Малите деца се навистина неверојатни луѓе. Можат да кажат смешни, филозофски, па дури и морничави нешта што ќе ве натераат да поверувате дека знаат повеќе од возрасните. Па, погледнете некои од најморничавите и најинтересните изјави на децата од целиот свет.

23 детски изјави од коишто ќе ве полазат морници

„Чував едно девојче по име Лиса цела година. Еднаш ми рече: ‘Те знам уште од пред да бидам Лиса.’“

„Ако Дедо Мраз не е вистински, тогаш како да знам дека постои Бог?“

„Мојот 3-годишен внук беше во мојата колиба. Честопати ме прашуваше за некое девојче додека покажуваше кон една од спалните. Живеам сам, па го припишав ова на неговата активна имагинација. Потоа ме посетија едни пријатели со ќерка на истата возраст. Таа двапати во еден ден ме праша за некое убаво девојче и покажуваше кон истата соба. Дефинитивно ме начека неподготвен и не знаев што да помислам. Потоа на Божиќ, целото семејство ми беше на гости и мојот внук покажа кон фотографија од сопругата и ме праша дали ќе нè посети и таа или ќе седи само во колибата. Сопругата ми почина пред 10 години.“

„Кога нашето куче умре, мојот 2-годишен син рече: ‘Сите нејзини мисли го напуштија нејзиното тело.’“

„Дали времето е реално, или тоа е само нешто што го мериме со часовник?“

„Кога син ми имаше околу 4 години, го слушнав како разговара сам со себе во тоалетот и отидов да го проверам. Користеше мало парче картон за да турне пајак во кадата, велејќи: ‘Се извинувам, господине. Може ли да ве замолам да одите по овој пат? Ох не, не таму. Овде, господине. Извинете, чувствувам дека не ме слушате.’“

„Сестра ми ме праша: ‘Ендрју кој прави врева надвор?’ Ѝ реков дека се птиците. Молчеше 15-тина секунди и ме праша: ‘На која планета сме?’ Таа има само 2 години и никогаш не гледала цртани за вселената.“

„Синот на мојот пријател, кој има само 2 и пол години, ѝ кажа на мајка му дека имал друго семејство. Ѝ кажа дека имал мајка и сестра и дека умрел во сообраќајка. Потоа додаде дека тие најверојатно се многу стари.“

„Едно 3-годишно дете му рече на мојот пријател што пуши: ‘Ќе умреш.’ Пријателот го праша дали ќе оди во пеколот или во рајот, а детето му рече: ‘Само оди на лекар.’“

„Кога син ми беше мал му кажував за одгледувањето компири. Му опишував како се оградува земјата околу нив, и тој ми рече: ‘Го правев тоа кога бев старец.’“

„Воопшто не ја сакам мојата свекрва. Еднаш го земаше син ми од училиште бидејќи бев зафатена. Требаше само да го остави дома, но тој истрча кон мене и ми кажа: ‘Мамо, ја поканив баба на вечера!’“

„Кога бев мал, дедо ми, кој го викав дедичко, секогаш ми ветуваше дека ќе ме носи на риболов. Но, секогаш му излегуваше нешто, или пак јас не бев во градот кога тој ќе отидеше. Тој умре кога имав 7 години и никогаш немав можност да одам на риболов со него. Сега имам 3-годишна ќерка. Никогаш не сум ѝ кажал за дедо ми и никогаш не сум зборувал за него пред неа. Еднаш таа истрча во дневната и ми рече: ‘Тато мора да одиме на риболов! Дедичко ми рече дека ќе ме однесеш!’“

„Зет ми ми покажа фотографија од мајка му која загинала во сообраќајка кога имал 6 години. Внука ми ја виде фотографијата и почна да се смее. Ја прашавме што беше толку смешно, а таа нè погледна и ни рече: ‘Тоа е мојата пријателка што ми пее.’“

„Мојот 8-годишен син рече: ‘Не го одбрав овој живот. Не можам да контролирам како започнал. Но, можам да контролирам како ќе заврши.’“

„Што ако лошите луѓе мислат дека се добри? И што ако луѓето кои мислам дека се добри се навистина лоши?“

„- Оди на спиење, нема ништо под твојот кревет.
– Сега е зад тебе.“

„Кога имав 6 или 7 години, моите родители се разведоа. Денот пред мајка ми да ми каже дека се разведуваат, ѝ реков: ‘Дедо ми вели да не се грижам, сè ќе биде во ред и тој нема да дозволи ништо лошо да се случи.’ Дедо ми почина пред 10 години.“

„Имав чудно чувство целата вечер, и како што го подготвував син ми за спиење, ми рече: ‘Тато, кој е човекот во ходникот?’“

„Кога брат ми имаше 4 години, секогаш ги започнуваше приказните со: ‘Кога бев старец…’ А потоа кажуваше колку сакал да лета. Никогаш се немаше качено во авион.“

„Видов смешна фотографија од коњ и ѝ ја покажав на ќерка ми. Таа ми рече: ‘Наскоро ќе умре.’ По некое време сфатив дека всушност зборуваше за мојот телефон бидејќи му беше празна батеријата.“

Прочитајте ги и најморничавите работи што ги кажале децата додека спиеле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар