22 прекрасни новогодишни украси кои можете да ги направите со сопствените раце
Новогодишните и божиќните празници за многумина од нас се омиленото време од годината. Снегот паѓа, воздухот трепери, а вие седите завиткани во вашиот дом со своите најмили, пиете варено вино, ја китите елката и подготвувате поклони. Навистина, има нешто магично во декември. Празниците само што не пристигнале, а ние ви откриваме идеи како да го украсите вашиот дом потполно сами и подготвени да ги дочекате празниците.
1. Снежна топка со автомобил
Сигурно ќе ја разбуди вашата носталгија и ќе ве потсети на периодот кога сте биле дете.
2. Орнамент со фотографии
Вашите омилени спомени заслужуваат да бидат изложени, а не заглавени во телефонот или кутијата за обувки. Затоа овие лампиони се совршен начин да им ги покажете на останатите.
3. Џуџиња од шишарки
Зарем не се преслатки? Совршен украс за елката или каминот ако сакате нешто забавно, а свечено.
4. Дрвени санки како украс
Во правењето на овој украс може да ви помогнат и вашите малечки – едноставен, сладок, а повторно во духот на празниците.
5. Венец
Венците може да бидат прилично скапи, особено во текот на празниците. Зошто не би заштедиле пари, а од вишокот украси за елка самите да направите венец?
6. Венец во форма на снежна топка
Ако разнобојниот венец од лампиони не е по ваш вкус, зошто не се обидете со ваков? Свечено, забавно и целосно шармантно.
Продолжете на следната страница за уште неколку новогодишни идеи.