22 моќни мисли кои ќе ви помогнат посамоуверено да ја дочекате новата година
Како што се наближува крајот на оваа година, така и сите ние почнуваме да размислуваме за нашите цели во 2016 година. Не е важно што планирате, мала дополнителна инспирација е секогаш добредојдена. Токму затоа и погледнете ги следниве моќни мисли од големи умови кои ќе ви помогнат полесно да почнете со остварувањето на вашите соништа.
Сфатете што е тоа што ве прави среќни, а потоа направете го тоа
1. „Сонувањето, пред сè, е еден вид планирање.“ – Глорија Стеинем
2. „Изградете ги вашите соништа или некој друг ќе ве најми да ги градите неговите.“ – Фара Греј
3. „Тајната да успеете е во почнувањето.“ – Марк Твејн
4. „Можностите не се случуваат, вие ги создавате.“ – Крис Гросер
Верувајте дека можете да постигнете сè што ќе посакате
5. „Ако можете да го сонувате, можете и да го направите.“ – Волт Дизни
6. „Скокнете и мрежата ќе се појави.“ – Џон Буроус
7. „Не треба да бидете одлични за да почнете, треба да почнете за да бидете одлични.“ – Зиг Зиглар
Дозволете им на мислите за успех да доминираат во вашиот ум
8. „Попрво би се обидел да направам нешто големо и да не успеам, отколку да не се обидам ништо и да успеам.“ – Роберт Х. Шулер
9. „Успехот е одење од еден неуспех до друг без губење на ентузијазмот.“ – Винстон Черчил
10. „Единствената личност која ви е судено да станете е онаа личност која ќе одлучите да бидете.“ – Ралф Волдо Емерсон
11. „Верувајте дека можете и веќе сте на половина пат до крајот.“ – Теодор Рузвелт
Направете план да ја постигнете вашата цел преку серија од мали цели
12. „Чекор по чекор и тоа ќе се заврши.“ – Чарлс Атлас
13. „Почнете каде што сте. Користете го тоа што го имате. Направете го тоа што можете.“ – Артур Аш
14. „Тоа што ќе го направите денес може да ги подобри сите ваши наредни утра.“ – Ралф Марстон
Работете повеќе од сите останати
15. „Не можам да замислам успешна личност која не ѝ дава на играта на животот сè што има.“ – Волтер Кронкајт
16. „Не чекајте да удирате додека железото не стане жешко. Направете го жешко со удирање.“ – Вилијам Батлер Јитс
17. „Секогаш изгледа невозможно сè додека не се постигне.“ – Нелсон Мандела
18. „Без амбиција, не може да се започне. Без работа, не може да се заврши. Наградата нема да ви биде испратена. Вие треба да ја освоите.“ – Ралф Волдо Емерсон
Забавувајте се по пат
19. „Ништо не делува како работа доколку не би сакале да правите нешто друго.“ – Џејмс Бари
20. „Потсетете се да ги славите сите постигнувања додека се подготвувате за патот кон напред.“ – Нелсон Мандела
21. „Среќата е вистинското чувство на исполнетост кое доаѓа од тешката работа.“ – Џозеф Барбара
22. „Работете многу, бидете добри и ќе ви се случат неверојатни нешта.“ – Конан О’Брајан.