22 мисли кои им поминуваат низ глава на срамежливите девојки кога ќе запознаат згодно момче
Кога станува збор за згодно момче, дури и девојките со висока самодоверба можат да се најдат во непријатна ситуација каде што неговиот изглед им го одвлекува вниманието од разговорот и не можат да следат активно сè што тој им говори. Но, доколку сте срамежливи, тогаш без сомнение оваа ситуација би ви предизвикала да посакате да се стопите и испарите во истиот момент, додека во вашиот ум доминираат следниве мисли…
1. Помош, претерано е сладок!
2. Што беа тоа зборови? Ох леле, помагајте.
3. Мартин, колку убаво име. Немој да го заборавиш тоа.
4. Мартин, Мартин, Мартин, Мартин, Мартин, Мартин, Мартин, Мартин…
5. Хм, за што зборувавме?
6. По ѓаволите, фокусирај се!
7. Одржувај контакт со очите, зошто гледаш во земја?
8. Како да постојам како функционално човечко суштество кога е толку тешко да го гледам во очи?
9. Се насмевнав? Или цело време зјапам во неговото тело?
10. Во ред. Насмеј се малку, а потоа кимни со главата како да слушаш што ти зборува.
11. Ох леле, престана да зборува. Брзо кажи нешто мудро!
12. Сериозно, зборувај.
13. Кажи нешто, што било!
14. Не знам како успеа да се сетиш на тоа, ама воопшто не е поврзано со темата на која зборуваме!
15. Посакувам да можев да се стопам во вир на земјата и да испарам за секунда.
16. Те молам престани да ми зборуваш и скрати ми ги маките!
17. Не, не престанувај да ми зборуваш затоа што можеби никогаш повторно нема да можеме да разговараме!
18. Срцето ми чука толку силно што мислам дека ќе ми излезе низ градите.
19. Се надевам дека тој ќе сфати дека сум срамежлива наместо да помисли дека сум глупава.
20. Можеби треба да носам знак кој ги предупредува луѓето дека сум нормална личност на која ѝ се потребни неколку недели да почне да зборува со нова личност.
21. Ох, треба да си оди. Во ред, нема гајле. Може ќе комуницираме на социјалните мрежи.
22. Почекајте малку, како се викаше? По ѓаволите!