22-годишна девојка со синдромот „Заспана убавица“ спие по неколку месеци без да се разбуди

22-годишна девојка со синдромот „Заспана убавица“ спие по неколку месеци без да се разбуди

На Бет Гудиер во 2011 година ѝ бил дијагностициран синдромот Клејн-Левин, откако таа заспала и не се разбудила „правилно“ неколку месеци. Од ова дијагностицирање, Гудиер која има 22 години, ги поминала изминатите пет години живеејќи со нејзината мајка, будејќи се само повремено.

22-годишна девојка со „Синдром на заспаната убавица“ спие повеќе месеци без да се разбуди

Според фондацијата КЛС, синдромот Клејн-Левин, исто така познат како синдром „заспана убавица“, е исклучително ретка состојба која се карактеризира со голема количина сон, различно однесување и намалено разбирање на светот. Гудиер ги има сите овие симптоми: Кога таа се буди во средина на епизодата, зборува со бебешки глас, лута е и прекумерно јаде брза храна. Во 2014 година изјавила дека оди во теретана и дека се обидува да се храни здраво што е можно повеќе, со цел да се бори со симптомите кои не може да ги контролира.

„Сѐ што можам да направам за да го подобрам моето здравје, ќе го направам, затоа што од други аспекти сум многу нездрава“, вели таа.

22-годишна девојка со синдромот „Заспана убавица“ спие по неколку месеци без да се разбуди

Неврологот на Гудиер вели дека овој синдром обично се дијагностицира за време на адолесцентските години кои се клучни за нивно образование, социјален, семеен и работен живот. Ова е катастрофална состојба затоа што личностите спијат за време на овие значајни години. Неврологот исто така вели дека повеќето луѓе излегуваат од оваа состојба во просек по 13 години, но Гудиер сѐ уште не покажува такви знаци.

„Ми се крши срцето кога гледам како поминуваат нејзините најубави години од животот“, вели нејзината мајка Џанин.

Таа исто така вели дека Гудиер се обидува да одржува нормален живот кога е будна, така што се дружи со нејзините пријатели и нејзиното момче, 25-годишен учител кој Гудиер го запознала за време на нејзината „будна фаза“ во 2013 година.

Таа ги евидентира нејзините случувања на својата Фејсбук страница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар