2018-та е годината на Шива – богот на заздравувањето и уништувањето

2018-та е годината на Шива – богот на заздравувањето и уништувањето

Според нумерологијата, 2018 е бројот 11 (2+0+1+8=11). Оваа енергетска фреквенција одговара на уништувањето и заздравувањето што ни дава можност да се ослободиме од минатото и целосно да заздравиме. Во хиндуизмот, бројот 11 е божествен и позитивен број.

2018-та е годината на Шива – богот на заздравувањето и уништувањето

Бројот 11 го означува господарот Шива

Сите години носат свои уникатни вибрации, а енергијата на 2018-та совршено одговара со енергијата на индискиот врховен бог Шива, господар на универзумот, кој во хиндуистичката традиција се прикажува како 11-те форми на Рудра.

Кој е Шива? Човек, мит или божество?

Па, кој е всушност Шива? Постојат многу приказни и легенди за него. Дали е бог? Или плод на колективната фантазија? Или пак Шива има многу подлабоко значење што им се открива само на оние кои ќе го побараат?

Кога велиме „Шива“ мислиме на 2 основни аспекта. Зборот „Шива“ во буквален превод значи „тоа што не е“. Денес, современата наука ни докажува дека сѐ потекнува од ништо и се враќа кон ништо. Основата на постоењето и основниот квалитет на космосот е едно огромно ништо. Галаксиите се само мали дејства – блесоци. Останатото е еден голем празен простор што се нарекува Шива. Тоа е утробата од каде што сѐ се раѓа и тоа е заборавот во којшто потоа сѐ се враќа назад. Сѐ доаѓа од Шива и сѐ се враќа кај Шива.

Од друга страна, пак, кога велиме „Шива“ мислиме на одреден јоги, Адијоги или првиот јоги и на Аги гуру или првиот гуру.

Шива се опишува како непостоење, а не како постоење

Шива не се опишува како светлина, туку како темнина. Светлината е ограничено случување, бидејќи секој извор на светлина, без разлика дали е сијалица или сонце, порано или подоцна ќе ја изгуби својата способност да свети. Светлината не е вечна. Станува збор за ограничена можност, бидејќи се случува и завршува. Темнината е многу поголема можност од светлината. Ништо не треба да свети, темнината е секогаш вечна.

2018-та е годината на Шива – богот на заздравувањето и уништувањето

Темнината е насекаде – тоа е единственото нешто што може да проникне насекаде

Очигледно е дека постојат многу митови за Шива. Тој е Адијоги, но тој е и „сето тоа што не е “. Јоги се оние кои го живееле животот кој требало да го живеат. Тој е причината за промената во начинот на кој се перципираат смртта и уништувањето. Тој го поставил концептот на победување на егото.

Шива се прикажува на повеќе начини. Неговото невидено битие може да се види во лингамот кој го претставува машкиот аспект од енергијата на создавањето. Тоа е неговата најпозната форма која е присутна во повеќето храмови и домови. Оваа година е годината на Шива, што значи дека ќе биде многу деструктивна и треба да бидете подготвени за секакви трансформации.

Иако благословите на Шива можеби нема да ви се чинат како благослови кога ќе се појават, наскоро ќе сфатите дека сѐ што ви се случува е од големо значење за вашиот раст и развој. Тој е основната енергија на мажот и сонцето е еден од неговите симболи.

Доколку ја изразувате само вашата машка енергија, тоа ќе ве исцрпи и ќе бидете под голем стрес. Погрижете се да воспоставите баланс помеѓу машката и женската енергија во вас, односно онаа на Шива и на Шакти. Тие мора да соработуваат како еднакви партнери.

Ако Шива и Шакти не се согласуваат, ќе настане конфузија и неред во вашиот живот. Можете да ги стабилизирате преку медитација. Одвојувајте по малку време секој ден, вежбајте дишење и чувствувајте како енергијата струи низ вас и ве ослободува од сите грижи.

Можеби сето ова ви е премногу, но тоа е само почеток. Оваа година ќе биде вистински ролеркостер, па затоа бидете подготвени за сѐ што може да се случи. Што и да ви се најде на патот, ќе има причина за неговата појава, прифатете го и анализирајте го што е можно подлабоко.

Доколку сакате да научите нешто повеќе за оваа култура, прочитајте го индискиот хороскоп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар