2016 година ќе биде подолга за една секунда, размислете како ќе ја поминете

2016 година ќе биде подолга за една секунда, размислете како ќе ја поминете

Една дополнителна, престапна секунда ќе ѝ се додаде на 2016-та година на самиот крај од новогодишната ноќ, со што оваа година ќе биде за една секунда подолга од вообичаеното времетраење на една календарска година. Ова го соопшти Меѓународната служба за Земјината ротација и референтни системи, која е задолжена за глобалниот часовник. За да се зачува времето на атомските часовници во согласност со ротацијата на Земјата, една дополнителна, престапна секунда се додава најмалку еднаш на секои десет години. Така, наместо во 23:59:59 часот, 2016-та година ќе заврши во 23:59:60 часот

(1) 2016 година ќе биде подолга за една секунда, размислете како ќе ја поминете

Претходно, ова се случи и на 30-ти јуни 2015 година, кога последната минута од месецот јуни траеше 61 секунда. Тогаш, водителот и комичар, Џон Оливер, го лансираше веб-сајтот spendyourleapsecondhere.com, каде што се собираа предлози за тоа како да се помине таа една, дополнителна секунда. Погледнете го видеото од емисијата на Оливер и можеби ќе добиете инспирација за тоа како да ја поминете дополнителната секунда во оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар