20 знаци кои откриваат дека тој сѐ уште не е созреан

20 знаци кои откриваат дека тој сѐ уште не е созреан

За многу жени не е изненадувачки фактот дека мажите подоцна созреваат, но едно ново истражување, не само што го потврдува тоа, туку и покажува дека тие созреваат на 43 години, а нивните партнерки 11 години претходно.

20-znaci-koi-otkrivaat-deka-toj-sѐ-ushte-ne-e-sozrean-kafepauza.mk

Во анкета во која се проучувале разликите во зрелоста меѓу половите е откриено дека и двата пола се сложуваат дека мажите се незрели во триесеттите и раните четириесетти години. Наспроти тоа, просечната возраст кога жените стануваат зрели е 32 години.

Сепак, незрелоста кај мажите може да биде и добра работа. Тоа ја одржува врската интересна и помага во поврзувањето со децата.

Ова се знаците кои го издаваат:

1. Испуштање гасови и ждригање (го смета за забавно)
2. Брза храна како оброк во вечерните часови
3. Играње видеоигри
4. Пребрзо возење и натпреварување со други автомобили на патот
5. Пцуење
6. Молчење за време на кавга
7. Неснаоѓање во кујната со едноставни јадења
8. Повторување на истите приказни и вицови со другарите
9. Возење со гласна музика
10. Обидот да победи дете во некоја игра или спорт
11. Неможност да зборува за себе или да води соодветен разговор
12. Одбивање да чита книги бидејќи смета дека се здодевни
13. Прави блесави потези при играње
14. Мајка му сѐ уште го пере, пегла и му подготвува појадок
15. Носење патики за излегување
16. Поседување скирол или BMX и изведување опасни финти
17. Одбивање да јаде зеленчук
18. Фалење со привлечни девојки
19. Носење широки, смкнати фармерки
20. Пижами и постелнина со ликови од цртаните филмови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар