20 знаци дека сте премногу самокритични
Многу од нас сакаат да го постигнат најдобриот резултат за себе и да ја направат правилната работа, а самоанализата може да ни користи како алатка за мерење на нашите достигнувања и успеси. Но, додека анализата е здрав начин да го набљудуваме нашето однесување и да научиме како да ги надминеме нашите слабости и лоши навики, таа понекогаш може да се трансформира и во самокритичност. Тоа се поврзува со недоволната самодоверба и перфекционизмот, но некои психолошки модели покажуваат дека самокритичноста не е предизвикана од ниската самодоверба кај луѓето, туку дека таа е нејзин природен резултат. Во продолжение прочитајте ги 20-те знаци кои покажуваат дека сте премногу самокритични.
1. Се обвинувате себеси за секоја негативна ситуација. Се чувствувате одговорни за секоја лоша работа што ќе се случи без да ги земете предвид другите надворешни фактори.
2. Имате негативни мисли за својот карактер како целина и ја занемарувате својата вредност.
3. Одбивате да преземате ризици и се убедувате себеси дека најбезбедниот и најсигурниот начин да направите нешто е да не го направите воопшто.
4. Избегнувате да го истакнете своето мислење. Паметно е да молчите кога не сте доволно информирани за некоја тема, но ако се однесувате така во секоја ситуација, тогаш станува збор за класична самокритичност.
5. Се споредувате со другите и мислите дека не сте толку добри како нив.
6. Никогаш не сте задоволни со своите достигнувања. Што и да направите, барате некоја маана и верувате дека ако нешто не можете да го направите како што треба, тогаш не треба да го правите воопшто.
7. Имате многу високи стандарди. Резултатите кои ги произведувате ретко се совпаѓаат со сликата која ја имате во главата. Сметате дека не можете да бидете среќни ако не сте високо интелигентни, атрактивни, богати и супер креативни.
8. Премногу се грижите. Секогаш ги земате најлошите сценарија предвид пред тие да се случат и се опседнувате со нив.
9. Не сте задоволни од својот изглед и сметате дека не сте доволно привлечни. Но, запомнете: Другите ве гледаат онака како што вие се гледате себеси.
10. Никогаш не барате помош бидејќи сметате дека така ќе изгледате како слаба и неспособна личност.
11. Ги занемарувате своите потреби и посакувања, бидејќи се плашите од одбивање.
12. Понекогаш размислувате да се повредите себеси. За некои луѓе, различните форми на самоповредување служат како физичко ослободување од емоционалната болка.
13. Сте имале родители или старатели кои постојано ве критикувале и кои со своите постапки го разбудиле критичарот во вас.
14. Премногу ги анализирате грешките, мислејќи дека ќе научите нешто вредно. На овој начин само непотребно се казнувате.
15. Не опростувате лесно, ниту себеси ниту на другите.
16. Не го наградувате својот труд и не си давате комплименти.
17. Се чувствувате повредени и лути кога луѓето ќе ви дадат оправдана или конструктивна критика. Ги сметате сите коментари за лични навреди и го ризикувате своето добро расположение.
18. Не ги прифаќате комплиментите од другите. Кога некој ќе каже нешто убаво за вас, се чувствувате како тоа да не го заслужувате.
19. Размислувате во еден систем на црно-бели вредности. Ако не прифаќате дека има многу други вредности помеѓу екстремите, сѐ ќе биде или добро или лошо. Имањето апсолутни идеали ве тера да ги игнорирате малите успеси и ве спречува да се радувате за нив.
20. Вашите животни достигнувања паѓаат под вашите способности. Сметате дека не го давате најдоброто од себе и сте разочарани од она што досега сте го постигнале.
Самокритичноста е форма на самосаботажа, што може да се дефинира како нешто спротивно од она што нè прави среќни и здрави. Се саботираме себеси за да останеме на нашата позната психолошка територија. Негативноста станува емоционален стандард кој не можеме да го срушиме. За успешно да ја прекинеме оваа самосаботажа и да престанеме да се критикуваме себеси и сопствените избори и одлуки, треба да ја прошириме нашата свесност и менталниот вокабулар кој ни е потребен за правилно да дефинираме што всушност ни се случува. Само тогаш ќе можеме вистински да се фокусираме на сопствениот напредок и успех во животот.