20 знаци дека сте безнадежни романтичари

20 знаци дека сте безнадежни романтичари

На некои луѓе потребно им е многу време за да се заљубат, но откако ќе се случи тоа тие ја чувствуваат љубовта за таа личност до крајот на нивниот живот. Од друга страна пак, некои луѓе изгледа дека постојано само се заљубуваат. Тие многу често, можат да се најдат и во ситуација да имаат силни чувства за личност која не е толку заинтересирана за нив, па токму затоа и се нарекуваат „безнадежни романтичари“. Дали и вие спаѓате во оваа категорија? Откријте…

20 знаци дека сте безнадежни романтичари

1. Постојано фантазирате за среќен крај од бајките.

2. Мечтаете за вашиот заеднички живот со личност која само што сте ја запознале.

3. Постојано се чувствувате разочарано во врските бидејќи сметате дека има малку големи гестови.

4. Дури и најмалите нешта можат да предизвикаат да се почувствувате сакано и луѓето поради тоа ве доживуваат чудно.

5. Кога гледате старци како се држат рака под рака, ви доаѓа да заплачете од среќа.

6. Обожавате романтични комедии и често забележувате дека ги посакувате овие приказни и во вашиот живот.

7. Вие често плачете, без разлика дали станува збор за солзи од среќа или тага.

8. Склони сте кон екстремни пеперутки во стомакот.

9. Сте забележале дека ви се допаѓаат луѓе кои можеби воопшто не знаат дека постоите.

10. Постојано ви велат да „оладите“.

11. Имате тенденција да бидете љубезни и нежни.

12. Кога сте заљубени, вие чувствувате потреба да го извикате тоа од некој кров и мора навистина да се потрудите за да се сопрете.

13. Не ви е проблем и цел викенд да гледате цртани филмови со Дизни принцези.

14. Верувате дека постои „вистинската личност“.

15. Над 500 пати ја имате замислувано вашата венчавка.

16. Дури и неживите нешта ги третирате со љубов – па, и на вашето мече понекогаш му е потребна прегратка.

17. Вие секогаш го давате советот: „Не се грижи, ќе ја запознаеш личноста на твојот живот“.

18. Момците и девојките сметаат дека сте многу слатки.

19. Кога сте во близина покрај симпатијата, вашиот јазик се сплеткува и црвенеете.

20. Често ви велат дека „шетате со главата во облаци“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар