20 животни лекции што ќе ги разберат само сопствениците на мачки

20 животни лекции што ќе ги разберат само сопствениците на мачки

Ако сте сопственик на мачка, со текот на годините ќе ги научите овие лекции што ќе ви помогнат да разберете како функционира животот и како да го извлечете максимумот.

20 животни лекции што ќе ги разберат само сопствениците на мачки

1. Не можете да принудите некого да ве сака.

2. Не може секој директно да каже што му треба или што сака. Набљудувањето на говорот на телото и на однесувањето се важни за да разберете како правилно да се грижите за другите околу вас.

3. Може да сакате некого или нешто на начинот на којшто мислите дека треба да бидат сакани и можеби тоа нема да ве однесе никаде. Мора да научите на каков начин суштествата сакаат да бидат сакани и тоа е моментот кога гледате напредок.

4. Никој не ви го должи своето време. Дури и ако го храните.

5. Разбудете се секој ден знаејќи што сакате и побарајте го тоа.

6. Љубовта може да се покаже на многу различни начини.

7. Трпеливоста е клучна. Не можете да сакате без да работите на тоа.

8. Секогаш однесувајте се со почит кон оние што ги сакате.

9. Говорот на телото открива повеќе од зборовите.

10. Љубовта не се зема, туку се дава.

11. Секој мора да постави свои граници. Одобрението може да се повлече во секое време.

12. Никогаш не земајте го здраво за готово времето што го поминувате со некого. Покажете му дека го сакате 24/7.

13. Ништо не е недостижно.

14. Во ред е ако вашето расположение одеднаш се промени.

15. Никогаш нема да го достигнете врвот ако сте загрижени за неуспехот.

16. Почитувајте, дајте простор, бидете трпеливи.

17. Во ред е да жалите за домашното милениче повеќе отколку што би очекувале повеќето луѓе.

18. Животот вреди да се живее.

19. Секогаш очекувајте го неочекуваното.

20. Понекогаш кога животот ви оди во погрешна насока, сè што треба да направите е да прегрнете мал крзнен и сладок предатор.

Прочитајте зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар