20 типови момци што секоја девојка ги запознава на забава - Part 2

20 типови момци што секоја девојка ги запознава на забава

11. Типот кој се однесува како да не сака да биде тука

Што е навредливо, посебно за домаќинот. Тој има попаметна работа. Оваа забава е глупава, како и луѓето тука и муабетите што ги прават. Ве гледа со надмен поглед како да немате врска од животот. Се однесува како попрво да би бил на кое било место отколку тука.

12. Непоправливиот романтичар

Мисли дека е слатко тоа што откако ќе му го дадете вашиот број ќе ви пише порака… додека и двајцата сте уште на забавата. Ве потсеќа по малку на Тед од „Како ја запознав мајка ви“, и подготвен е да ви каже „те сакам“ уште на самата забава, како и да украде за вас сина француска труба.

20 типа на момци што секоја девојка ги запознава на забава

13. Депресивниот тип

Сериозно не сакате да правите муабет со него и обично никој не разговара со него. Но ако по грешка се фатите во стапица ќе чуете со тивок, бавен и депресивен тон, колку животот е за никаде и колку реалноста е сива.

14. Оној кој од негде ви е познат

Цела вечер ви прави муабет, ви го знае името. Очајно барате знаци, нешто што ќе ви каже од каде го знаете. Продолжувате да разговарате за да не бидете непристојни. Се обидувате да се сетите. Дали учевте во исто училиште во средно? Дали сте се запознале на некој друг настан? Сепак, по некое време целата ситуација ви станува морничава и се оддалечувате.

15. Оној за кој мислите дека ви се пушта

Во суштина му треба совет, емоционална поддршка или комплимент. Тој е во навистина лош период од животот. Несогласувања со девојката, семејството или пак проблеми на работно место. Доколку сте добро рамо за плачење и двајцата сте си совршено друштво еден на друг.

16. Типот кој се грижи секој да си замине од забавата пијан

Дали ја гледате оваа девојка тука? Таа не држи пијалак во раце! Зошто е тоа така?! Алооо, некој нека ѝ даде пијачка. Што пиеш срце?

17. Оној кој не сака да си замине

Толку е пијан што инсистира забавата да продолжи, дури слуша замислена музика откако сите ќе си заминат. Тој е смрт за неговите другари кои не можат да го внесат во такси. Тешко вас ако вие сте домаќинот бидејќи најверојатно ќе остане тука да преспие, а сабајле ќе пие кафе со вашата мајка.

18. Типот со „Барни“ синдром

Се служи со толку глупави трикови за да ве освои што сериозно мислите дека која и да падне на неговите финти мора да ѝ фали нешто. Но за чудо неретко паѓаат.

20 типа на момци што секоја девојка ги запознава на забава

19. Оној кој не ве слуша што му зборувате

Додека разговарате неговите очи шараат по вашето тело, ве пие со поглед, мислејќи си „знам дека ме посакуваш“. Ви доаѓа да му залепите шамар.

20. Изгубениот во времето и просторот

Овој тип е заглавен во 70-тите и сериозно го згрешил времето во кое живее. Тој е роден за диско-забави и некако не ви се вклопува во целата слика, но знае да биде забавен. Обично тоа е оној кој игра на старите хитови на Нокаут или Bee Gees.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар