20-те најубави жени во светот според Интернетот
Веб-сајтот TC Candler прави анкети за избор за најубава жена уште од 1990 година. Не се земени предвид ни талент, ни возраст, туку само физичкиот изглед. Погледнете ги 20-те најубави жени од минатата година.
20. Тејлор Хил, супер модел, САД
Тејлор Хил е модел на Victoria’s Secret. Таа има 21 година и учествува во модни ревии на познати дизајнери од 2015-та година.
19. Лупита Нјонго, актерка, Кенија/Мексико
Лупита е родена во Мексико, но пораснала во Кенија. Таа се смета за една од најубавите млади актерки. Нејзиниот талент беше забележан кога доби Оскар во 2013-та година за нејзината улога во „12 години роб“ (12 Years a Slave).
18. Џени Ким, пејачка, Јужна Кореја
Џени Ким е најпознатата пејачка од жанрот познат како к-поп, популарна музика од Северна Кореја. Покрај пеењето, оваа девојка е и модел за познати корејски и европски брендови.
17. Јаел Шелба, модел, Израел
Јаел пораснала во многу религиозно семејство. Но, ова не ја спречило да го оствари својот сон и да стане модел.
16. Октјабрина Максимова, модел, Русија
22-годишната Октјабрина е од Санкт Петербург. Покрај тоа што е модел, таа судира право и сака да стане адвокат.
15. Лалиса Манобан, пејачка, Јужна Кореја
Оваа девојка е родена во Тајланд и е пејачка во бендот BlackPink. Таа исто така е и модел.
14. Ема Вотсон, актерка, Велика Британија
Нема потреба да објаснуваме која е Ема Вотсон. Речиси секој ја знае од серијалот Хари Потер. Покрај убавината, оваа девојка има и неверојатен талент, па многу режисери сакаат да работат со неа.
Продолжува на следната страница…