20-те најневеројатни изуми за 2015 година
11. Чашата која бакнува
Ова е изум на Јенг Ву Сеок. Би сакале ли и вие бакнеж од кафе?
12. Патики кои совршено се прилагодуваат на вашите стапала
Инспириран од традиционалната облека фурошики, јапонскиот дизајнер Масаја Хашимото дошол до реализација на својот изум – патики кои совршено се прилагодуваат на секоја кривина на вашите стапала.
13. Армстронгова стапица за светло
Иако именувана според познатиот американски астронаут Нил Армстронг, оваа топка која ја заробува светлината доловувајќи го совршениот амбиент кој ви е потребен е изум на тим од руски дизајнери.
14. Невидлива тастатура
Невидливата Noki тастатура е навистина нешто магично. Составена од две алки кои ги мониторираат движењето на вашите прсти, таа истовремено го олеснува, но и го усложнува пишувањето на тастатура.
15. Сигнален индикатор за велосипедисти
Овој изум на азербејџанскиот дизајнер Елнур Бабајев е совршен за ноќни услови. Сигналниот индикатор наречен Cyclee projector е поврзан за седиштето и автоматски им дава сигнална информација на автомобилите за движењето (или сопирањето) на велосипедистите.