20 суптилни корејски мудрости што ќе го збогатат вашиот ум

20 суптилни корејски мудрости што ќе го збогатат вашиот ум

Античката мудрост на корејскиот народ е интригантна мешавина од суптилностите и од уникатните мисловни процеси на Источна Азија во комбинација со локалните обичаи и традиции. Во продолжение прочитајте ги 20-те најдобри поговорки на корејскиот народ.

20 суптилни корејски мудрости што ќе го збогатат вашиот ум

„Не е важно што носиш. Важно е само што носиш во твојата душа.“

„Ако жената е убава, ќе бидете среќни заедно три години. Ако жената знае да готви, ќе бидете заедно 30 години. Но, ако жената е паметна, вашата среќа ќе трае три генерации.“

„Вчера е историја, утре останува непознато. Но, денес е подарок.“

„Сите мажи се деца додека не добијат свои деца.“

„Кога ќе забележите дека некој има недостаток, не заборавајте дека и вие имате недостатоци.“

„Оној што вели дека нема време за учење, никогаш нема да учи, дури ни кога ќе има многу време.“

„Ако го знаете патот, трчајте напред.“

„По три години тренинг, дури и куче ќе почне да рецитира поезија.“

„Ако нема вест исто така е добра вест.“

„Не можете да го покриете целото небо со дланката на вашата рака.“

„Кога тигарот умира, тој го остава зад себе само своето крзно; кога човек ќе умре, го остава своето име.“

„Не можете да плукате на насмеано лице.“

„Не зјапајте во дрво ако не можете да го искачите.“

„Облеката е најдобра кога е нова; пријателите се подобри кога се стари.“

„Луѓето со слични верувања ќе станат пријатели за време на првата средба; луѓето со различни верувања никогаш нема да станат пријатели, дури и по илјада средби.“

„Не мора да го пиете целото море за да откриете дека е солено.“

„Камен што се тркала не собира мов.“

„Не постои дрво што нема да падне по стотици удари со секира.“

„Дури и најимпресивната бајка може да стане здодевна ако сте ја слушнале премногу пати.“

„Дури и ако небото се сруши еден ден, некаде ќе има отвор за да можете да ползите.“

Прочитајте ги овие 14 мудрости што ќе ви ги разведрат мрачните денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар