20 ситуации во кои мажите секогаш погрешно ги сфаќаат жените

20 ситуации во кои мажите скоро секогаш погрешно ги сфаќаат жените

Жените секојдневно се преплавени со стереотипи. Без разлика на ситуацијата, некој постојано се обидува да им назначи нефер и сексистички значења за она што тие го направиле или кажале. Жените се заробени во овие кутии кои општеството им ги изградило, па токму затоа и секојдневно се борат со начините на кој мажите погрешно го толкуваат нивното однесување. Понекогаш, ова погрешно сфаќање е забавно, но понекогаш навистина може да ги повреди. Погледнете дел од најчестите ситуации во кои мажите погрешно ги сфаќаат жените…

20 ситуации во кои мажите секогаш погрешно ги сфаќаат жените

1. Ако сме фини, ние флертуваме

Мажите имаат тенденција да мислат дека жените кои прават љубезен разговор со нив преку него ја искажуваат својата романтична заинтересираност. Тоа најчесто е далеку од вистината, бидејќи жените во просек се пољубезни од мажите, па токму затоа можеби и доаѓа до ова недоразбирање.

2. Ако сме емоционални, ние сме луди

Не. Следен пат кога некој маж ќе ве нарече „луда“ само поради тоа што сте искажале чувство, можете слободно навистина да „полудите“ со цел да му покажете што навистина значи тој збор.

3. Ако сме самоуверени и наметливи, ние сме кучки

Изгледа на жените не им дозволено да ја покажат својата висока самодоверба и да бидат горди на сите оние нешта кои ги постигнале, без притоа да бидат етикетирани со погрдни имиња.

4. Ако сакаме да играме или зборуваме за видео игри, ние само се обидуваме да ве импресионираме

Мажите често погрешно сфаќаат дека жените сакаат да бидат „едни од момците“ кога ќе спомнат дека уживаат во видео игри, но доколку ги сфатите сериозно и им дозволите да играат со вас, тие ќе ви покажат дека навистина имаат искуство во оваа област.

5. Ако сме доживеале оргазам, тој бил вистинит

Мажите се многу чувствителни кога станува збор за оргазам. Токму затоа никогаш не ја исклучувајте можноста дека жената глуми оргазам со цел да не го повреди мажот со кој има сексуален однос.

6. Ако сме лути или вознемирени, ние имаме ПМС

На мажите никогаш не им е дозволено да го обвинуваат месечниот циклус на жените кога се нервозни и лути. Сите имаат лоши денови, вклучувајќи ги и мажите, па од тоа можеме слободно да заклучиме дека тие најчесто воопшто не се поврзани со хормоните.

7. Ако сакаме сериозна врска, сакаме и веднаш да се венчаме

Само затоа што жените сакаат да бидат дел од стабилна љубовна врска, тоа не значи дека тие во истиот тој момент бараат и прстен на нивниот прст.

8. Ако се облекуваме жешко, го правиме тоа за вас

Најчесто, жените се дотеруваат со цел да се чувствуваат подобро во својата кожа. Тие исто така го прават тоа и за да ги импресионираат другите жени. Не постои ништо подобро од пијан комплимент од непозната девојка во тоалетот на некоја дискотека со цел вечерта да им заврши одлично.

9. Ако носиме тесна облека или краток фустан, ние сакаме да имаме секс со вас

Не.

10. Ако имаме големи гради, ние сме промискуитетни

Ова ни најмалку не е вистина. Не постои никаква поврзаност помеѓу големината на градите и однесувањето на жените.

11. Ако кажеме „Ништо не ми е“, вие треба да се подготвите за смртна казна

Понекогаш навистина ништо не се случува со жените и ова не е само еден вид пасивно – агресивен начин за тие да го искажат својот гнев.

12. Ако не ги депилираме нозете, нашата врска со вас дошла до својот крај

Не грижете се, можеби вашата девојка едноставно била презафатена или пак, заборавила да ги среди влакненцата на нејзините нозе. Ова во никоја ситуација не треба да биде сфатено како знак за крај на врската.

13. Ако кажеме дека некое бебе е слатко или пак, дека некој свршенички прстен е убав, ние индиректно кажуваме дека ги сакаме овие работи

Како и за секое друго мислење, така и во овие ситуации најчесто станува збор за обичен коментар или комплимент кој нема никаква врска со тоа дали жената сака или не сака брак и деца.

13. Ако носиме шминка во теретаната, ние се обидуваме да не изгледаме лошо за вас

Всушност, големи се шансите дека жените кои одат со шминка да вежбаат едноставно немале доволно време да ја отстранат од нивното лице бидејќи дошле директно од работа или факултет. Тоа е сè.

15. Ако сакаме да платиме за вечерата, ние сме тешки за одржување

Вистината е сосема спротивна. Девојката која покренува иницијатива за плаќање на сметката најчесто сака да биде љубезна и да не дозволува половите норми да ја ограничуваат.

16. Ако озборуваме за настан на нашата пријателка, ние сме сомнителни

Мажите не се толку искусни во озборувањето како жените, па токму затоа и не сфаќаат дека не секое озборување е лошо. Фактот што тие разговараат со вас за нивните пријатели не значи дека се измамници, туку дека едноставно се обидуваат да ги сфатат работите кои моментално им се случуваат.

17. Ако порачаме вотка со боровинка или коктел, ние сме многу женствени

Од кога алкохолните пијалаци имаат категории за половите? Ова е апсурдно. Секоја жена си има свој вкус за алкохол и не треба да биде осудувана за тоа што сака да го пие.

18. Ако порачаме виски, ние се обидуваме да бидеме кул

Повторно, секоја жена има различен вкус за алкохол, исто како и мажите…

19. Ако порачаме салата, ние се обидуваме да внимаваме на нашата тежина

Не мора да значи. Понекогаш, жените едноставно посакуваат да јадат салата. Или пак, неодамна решиле да се исхрануваат поздраво.

20. Ако велиме дека не сакаме да нè нарекувате „маче“, ние лажеме

Зошто било која жена би лажела за нешто вакво?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. meow Reply

    meow meow

Остави коментар