20 работи за кои можете да сметате само на вашата најдобра пријателка додека сте во 20-тите
Вашата најдобра пријателка ве надополнува на милион различни начини и не би можеле да се справите со стресното секојдневие без неа. Вашата врска е нераскинлива и заедно можете да го освоите светот! Ова се 20-те работи за кои можете да сметате само на вашата најдобра пријателка додека сте во 20-тите години од животот…
1. Таа е вашиот најголем моден критичар кога треба да одберете облека за првиот љубовен состанок. Секогаш можете да сметате на нејзиното брутално искрено мислење.
2. Таа е тука за вас со полна кеса чоколади, вино и брза храна кога поминувате низ болно раскинување.
3. Таа секогаш ви кажува ако имате кармин на забите или ако треба да си го освежите здивот со мастика.
4. Таа е единствената што знае како да ви го подобри расположението. И таа е единствената чии совети навистина ги применувате.
5. Таа ги чува вашите најдлабоки и најмрачни тајни како да се нејзини. Не би ни помислила да ја сруши вашата доверба.
6. Не ѝ пречи да гледате филмови и да јадете пица во сабота вечер кога не ви се излегува.
7. Секогаш ве поддржува кога ќе решите да „забушавате“ со одењето во теретана и се согласува дека пиењето коктели е подобра варијанта.
8. Во дискотека се забавува како да нема утре кога ви е роденден.
9. Ви кажува отворено кога мисли дека грешите во врска со нешто.
10. Таа секогаш ве брани кога некој зборува лошо за вас.
11. Таа е најдобриот слушател кога сакате да си ги кажете маките и да споделите колку многу ве изнервирал шефот на работа.
12. Не ѝ е проблем директно да ви каже дека дечкото со кого се гледате е вистинска катастрофа.
13. Кога фризурата ви е ужасна, таа секогаш отворено ви го кажува тоа.
14. Секогаш може да смисли начин за да ве извлече од обврските што не сакате да ги завршите.
15. Многу добро го познава вашиот поглед што го давате кога барате спас од некој здодевен дечко во барот.
16. Таа секогаш знае како да ви го „намести“ дечкото кој ви се допаѓа.
17. Таа знае како да ви ја зголеми самодовербата кога се чувствувате несигурни во себе.
18. Таа е подготвена да го уништи секој маж кој ќе ви го скрши срцето.
19. Доаѓа на семејните собири со вас. Дури и ќе ве натера да одите на оние ручеци кои очајно сакате да ги одбегнете.
20. Секогаш разбира што сакате да кажете, дури и да не можете да најдете зборови за да ги пренесете мислите.
Доколку сакате да проверите дали вашето пријателство е искрено, ова се 12-те знаци дека имате вистинска најдобра пријателка.