20 причини зошто е најубаво да живеете сами
Цимерите можат да бидат забавни и да го исполнат вашето секојдневие, но често се случува да бидат и извор на стрес доколку постојат несогласувања помеѓу вас. Од друга страна пак, и покрај тоа што сигурно добро се познавате, вие не сте толку блиски за да се однесувате целосно слободно во нивно присуство. Токму затоа погледнете ги следниве 20 причини зошто е најубаво да живеете сами…
1. Можете да се соблечете голи во истиот момент откако ќе влезете во вашиот дом. Изгледа облеката била наменета само за луѓето кои имаат цимери.
2. Можете да останете будни до кога сакате. Не мора да бидете тивки за да не разбудите некого, ниту пак да се грижите дека наредното утро некој вас ќе ве разбуди предвреме.
3. Всушност, големи се шансите дека спиете најдобро од сите, бидејќи не го делите вашиот кревет со никој. И во никој случај нема да бидете разбудени по полноќ со молба за секс. Иако ова може да биде и добро и лошо.
4. Можете да го одберете миленичето од вашите соништа. Дури и ако таа мачка не сака никој друг освен вас.
5. Можете да полудите со декорирањето. И не мора на никој друг да му се допадне тоа што сте одлучиле да го направите, бидејќи вие сте единствените во овој дом. Покрај вашата мачка, секако.
6. Секогаш кога ќе ги платите вашите сметки или сами ќе средите некаков проблем во домот, ќе се чувствувате многу независно и моќно. И ќе се гордеете на својот успех повеќе од било кога претходно.
7. Можете да поканите момче или девојка без да се грижите дали вашите цимери ќе бидат дома. Без разлика на часот, вашиот стан ви е целосно на располагање за сè што ќе ви падне на памет.
8. Можете да ги гледате буквално сите ТВ серии кои ги сакате. Без никој да ве осудува за изборот.
9. Не мора да глумите дека сте во добро расположение со цел да не им влијаете на цимерите. Вие можете слободно и целосно да ја доживеете секоја емоција која ќе помине низ вас.
10. Можете да ја оставите вратата од тоалетот отворена. Дури и кога вие сте внатре.
11. Можете да ја потрошите целата вода во бојлерот. Без ниту трошка грижа на совест или брзање од страна на вашите нетрпеливи цимери.
12. Можете да ги оставите алиштата на подот во тоалетот. Дури и со месеци, ако не ви пречи тоа.
13. Истото важи и за садовите. Но, не повеќе од неколку дена секако.
14. Не мора да се грижите дека цимерот ќе ве чуе како имате секс. Или обратно. Можете да бидете колку што сакате гласни без никој притоа да ве обвини дека сте безобѕирни.
15. Никој нема да ја краде вашата храна. И токму затоа нема потреба опсесивно да ја обележувате или да оставате пасивно агресивни пораки на фрижидерот.
16. Или пак, да ја позајмува вашата облека. И потоа никогаш повеќе да не ја видите вашата омилена маичка…
17. Не мора да имате непријатни разговори со личност која ви должи пари за сметки. Вие самите сте одговорни за вашиот дом.
18. Имате доволно место за сите ваши обувки. Тие се слободни во ходникот покрај влезната врата.
19. Можете да пиете директно од шише. И да си правите секакви комбинации без да се грижите дека некому тоа ќе му пречи.
20. Можете да мастурбирате во кое било време и на кое било место. На креветот, на столче, на маса…