Претходно
20 причини поради кои животот може да биде убав и кога немаш денар в џеб
Ако сте млад човек, тогаш големи се шансите да немате многу пари во џебот. Многу е фрустрирачки, но не е крај на светот. Ова се дваесет причини кои го докажуваат тоа.
1. Кога немате пари станувате креативни во начините на кои се забавувате.
2. Пријателите ве честат кога одите во диско…
3. …затоа што знаат дека ќе им ја вратите услугата кога ќе застанете на нозе.
4. Ги цените евтините продавници…
5. …и изгледате убаво во тоа што го купувате од нив затоа што не личите на подвижна реклама.
6. Распродажба? Попуст? Купони? Среќен час? Тоа ви причинува среќа.
7. Се однесувате со поголема грижа кон она што го поседувате.
8. Учите да се справувате со стресот.
9. Кога ќе капне некој денар, се чувствувате вака…
10. Цените сè што не спаѓа во здодевна невкусна евтина храна.
11. Знаете да измислите некој специјалитет од неколкуте состојки кои ви останале во фрижидерот.
12. Специјалното мени кое е на попуст е прекрасна работа…
…барем првите неколку минути.
13. Моментот кога ќе си најдете заборавени 100 денари во џебот на панталоните…
14. Волјата ви е нескршлива. Ќе трошите само на тоа што ќе решите да трошите.
15. Се чудите како пријателите фрлаат толку многу пари на непотребни работи. Кога вие ќе имате колку нив ќе се однесувате попаметно.
16. Учите како да се забавувате и со малку пари.
17. На пример, кому му треба теретана кога можете да спортувате на отворено?
18. И кому му треба вечера во ресторан кога можете да си приготвите нешто дома и да си гледате филм?
19. Моментите кога немате денар в џеб ве тераат да го цените тоа што можете да си го дозволите…
20. …и ве учи што е најважното во животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.