20 причини да се заљубите во себе на Денот на вљубените
Во свет каде индустријата за убавина подлежи на нашите несигурности, каде реалниот живот го гледаме преку филтри и Фотошоп и каде сме постојано критикувани, анализирани до детали и манипулирани да мислиме дека не сме доволни, сакањето на самите себеси е акт на бунт. Да се сакаме значи да го цениме нашиот уникатен бренд на убавина, да ги распознаваме нашите оригинални дарби и таленти и да го почитуваме нашето постоење. Да ги запреме споредбите и да сфатиме дека сме совршени онакви какви што сме и никогаш повеќе да не се сомневаме во сопствената вредност. Најдобриот среќен крај не го добиваме во оној момент кога ќе ја запознаеме љубовта на нашиот живот, туку кога ќе научиме да се сакаме себеси, а ова се 20-те причини зошто тоа треба да го направиме веднаш.
1. Ќе започнете да привлекувате неверојатни врски од секаков тип во вашиот живот.
2. Ќе можете да тргнете на патот кон успехот и исполнувањето на вашите цели.
3. Ќе научите да се задоволувате само со работите кои сметате дека се достојни за вашето време.
4. Ќе бидете посреќни.
5. Ќе сфатите дека сте способни да остварите сѐ што ќе ви падне на ум.
6. Ќе знаете што сакате и ќе се обидете тоа да го имате во вашиот живот.
7. Ќе ја зголемите самодовербата.
8. Луѓето кои не ви се допаѓале повеќе нема да ви пречат, бидејќи нема да им обрнувате многу внимание.
9. Нема да барате второ мислење кое ќе ја потврди вашата вредност.
10. Ќе блескате.
11. Непознатите луѓе почесто ќе ви се насмевнуваат.
12. Секој аспект на вашиот живот драстично ќе се подобри.
13. Ќе станете магнет за чуда.
14. Ќе имате способност да ја разведрите секоја ситуација.
15. Другите луѓе нема да можат да ве навредуваат.
16. Целиот ваш свет ќе се прошири.
17. Ќе научите да велите „не“.
18. Ќе научите да ги игнорирате драмите, озборувањата и ситуациите од кои немате никаква корист.
19. Ќе носите подобри и помудри одлуки бидејќи искрено ќе се сакате и почитувате себеси.
20. Никогаш нема да бидете сами.