20 паметни и практични првоаприлски шеги

20 паметни и практични првоаприлски шеги

1-ви април е денот кога можете да ѝ дозволите на вашата имагинација да летне и да се забавувате со вашето семејство, пријателите, познаниците и колегите. Тоа е ден кога можете да се пошегувате на туѓа сметка и никој да не ви се налути. Затоа, погледнете ја оваа интересна листа која содржи дел од најпаметните и најпознатите практични првоаприлски шеги кои бараат да бидете физички добро подготвени за трчање и бегање, бидејќи вашата „жртва“ сигурно ќе посака да разговара лично со вас за вашето однесување.

1. Што е што?

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Измешајте три пакувања „Skittles“ бонбони и „M*M“ бонбони. Совет: Оваа шега може да биде добра не само за 1-ви април туку и за секоја друга забава.

2. Дамка од млеко

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Земете едно парче стакло и на него истурете лепило. Оставете да се исуши и поставете го на тастатурата од лаптоп или компјутер. Чекајте ја реакцијата на вашата жртва.

3. Направете ја вашата чешма поколоритна

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Боите за храна ќе го направат вашиот ден многу повесел и поколоритен. Само ставете една капсула со прехранбена боја по ваш избор во славината на чешмата.

4. Автомобил со белешки

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Ќе ви бидат потребни многу самолепливи хартии, но резултатот ќе го исплати вашиот труд и време. Само запомнете да си поиграте со боите и со формите. Дури можете да додадете и текст. Чувствувајте се слободно и експериментирајте!

5. Торта или банана?

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Ова е за сите љубители на благите и слатки производи. Испечете една торта во форма на банана и покријте ја со еден слој тврд жолт прелив. Потоа, почестете ги вашите пријатели со оваа необична банана во која и покрај нередот што може да се направи, секој ќе ужива во нејзиниот вкус.

6. Синиот екран на смртта за вашиот „омилен“ колега

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Овој „print screen“ може да предизвика вистински терор за почетните корисници. Не заборавајте да ја исчистите позадината и да ги избришете сите папки и апликации, пред да ја поставите оваа фотографија како позадина.

7. Лажна Кока Кола

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Истурете ја содржината од шишето во друго шише и ставете сос од соја. Потоа, земете неколку пластични чаши или шишиња, па распределете ги на вашите пријатели. Се разбира, бидете сигурни дека никој не е алергичен на соја.

8. За љубителите на градинарството

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Малите торти направени во форма на моркови ќе донесат насмевка на сечие лице. Можете да користите јаготки за горните делови на морковите, само додадете малку сок од портокал на нив и ставете ги во фрижидерот.

9. Потрага по богатството

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Залепете неколку ситни парички на подот и гледајте како вашите пријатели се обидуваат да ги земат.

10. Каде е змијата?

20 паметни и практични првоаприлски шеги

Еден празен кафез пред кој ќе поставите лист хартија на кој ќе пишува „Не допирајте ја змијата“ може да предизвика масовна збунетост.

Продолжете на втората страна за останатите 10 шеги…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар