20 неочекувани детски прашања на кои возрасните никогаш не би помислиле

20 неочекувани детски прашања на кои возрасните никогаш не би помислиле

Би било навистина интересно да можевме повторно да го видиме светот низ детски очи. Децата постојано учат нови работи, а понекогаш доаѓаат до навистина изненадувачки заклучоци. Неколку родители на Твитер ги споделиле најчудните прашања кои им ги поставиле нивните деца. Што би одговориле вие на овие прашања?

20 неочекувани детски прашања на кои возрасните никогаш не би помислиле

„Кога сирената е повредена, дали оди на доктор или на ветеринар?“

„Мојата внука не може да спие бидејќи сакаше да го знае следново: Ако ја продадела нејзината коса и купувачот убие некого и остави влакно на местото на злосторството, дали нејзината ДНК би била доволна за да ја обвинат за убиството? Има 12 години. Сега ни јас не можам да спијам!“

„Мамо зошто ме направи вака, а не од пластелин?“

„Мојот син гледаше албум со црно-бели фотографии и ме праша: Мамо зошто црно-белиот свет е во минатото?“

„Зошто постојат лоши зборови ако не смееме да ги користиме?“

„Тато, како се чувствуваше на последниот ден од твоето детство?“

„Дали и момчињата се родени од мајки? И зошто тогаш ни се потребни татковците?“

„Отидовме со син ми во аптека. Требаше да купам контрацепциски апчиња. Тогаш тој ме праша: Што се тие апчиња? Дали си болна? Што прават? Решив да му ја кажам вистината: Овие апчиња помагаат за заштита од деца! Син ми се исплаши: Новите? Или… старите?“

„Ќерка ми, навредена: Зошто ме касаат комарците? Што направив?“

„Како ја викаат Црвенкапа кога ја соблекува наметката?“

„Син ми: Мамо можеш ли да ми дадеш слатки? Јас: Можам. Син ми: Е, па што чекаш тогаш?“

„Син ми: Зошто никој го нема видено Дедо Мраз како крие подароци? Имаме камери… стапици…“

„Тато како се вика твојот автомобил? Шевролет. А зошто не го крстиш Ауди?“

„Мамо, дали ќе добијам утешна награда на 8-ми март?“

„Мамо, имам модринка на челото. Еве допри ја. Чувствуваш колку боли?“

„Син ми гледајќи ја сестра му како свири пијано: Во ред, гледам гас, спојка и каде е кочницата?“

„Мамо, зошто ме научи да зборувам и да одам, а сега ми велиш да седнам и да замолчам?“

„Мамо, кога ќе остариш дали ќе треба јас да ја работам твојата работа?“

„Страв ми е сама да се венчам. Ќе го направиш ли тоа со мене?“

„Во ред мамо, ајде да го сфатиме ова – дали сум во право или јас сум твоја грешка?“

Погледнете ги фотографиите кои докажуваат дека со деца никогаш не е здодевно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар