20 најинспиративни места во светот
11. Глечерот Перито Морено, Аргентина
Ова е можеби најважната туристичка атракција во Аргентина. Оваа формација од мраз има должина од 30 километри и е третиот најголем резервоар за вода во светот.
12. Националниот парк во Јужна Дакота, САД
Овој парк е полн со прекрасни пејзажи. Нема некои посебни знаменитости по неговата патека, но пејзажите сигурно ќе ви измамат воздишки.
13. Полуостровот Оса, Костарика
Лоциран на јужниот брег на Пацификот, овој полусотров е дестинација за „еко“ туристите. Има прекрасни пејзажи, празни плажи и изобилство од диви животни.
14. Вади Рум, Јордан
Овде ќе видите огромни планини од песок и гранит кои достигнуваат висина до 1.700 метри. Овде живеат племињата Бедуини и нивните шатори се дел од сликовитиот пејзаж.
15. Националниот парк во Невада, САД
Овој парк нуди многу повеќе отколку што можете да замислите. Вистинската убавина е пештерата Леман, која се наоѓа под земја. Можете да пешачите до врвот на планината.
16. Националниот парк во Калифорнија, САД
Националниот парк Јосемити е прекрасен во сите сезони. Има прекрасни водопади и богата историја. Ова е еден од најпопуларните паркови во Америка.
17. Водопадите Нијагара, Канада
Градот е поврзан со САД со „мостот од виножито.“ Посетителите може да се спуштат до подножјето со помош на лифт. Исто така има и платформа за набљудување која е на висина од 160 метри.
18. Луанг Прабанг, Лаос
За да го истражите животот на ова место најдобро е да одите на крстарење по реката Меконг. На овој начин ќе можете да ги набљудувате секојдневните активности на рибарите кои се вистинска уметност. Можете да ги посетите и пештерите Пак Оу кои имаат бројни статуи од Буда во разни големини.
19. Обидос, Португалија
Овој прекрасен португалски град нуди многу активности и знаменитости. Целиот град можете да го истражите за само неколку часа.
20. Бора Бора, Француска Полинезија
Овој остров некогаш бил вулкан, а денес има прекрасен корален гребен. Убавината на овој остров е незаменлива и речиси секој сака да го посети.
Погледнете и кои се најубавите места за патување во воз.
Занзибар е група на острови коишто иако се полуавтономни, сепак се дел од државата Танзанија. Врвот Килиманџаро се наоѓа во континентална Танзанија, не на некој од занзибарските острови. Исто така и сафарито се одвива на континенталната територија на Танзанија, односно во Серенгети што подолу го имате наброено. Секако, Занзибар е егозтична дестинација што вреди да се посети, но не поради причините што погрешно сте ги навеле 🙂