20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014
11. Изборите во Америка на многу жени им донесоа места во Конгресот
Дополнителните избори во САД кои се организираат на секои две години и каде се избираат членови на Конгресот, оваа година беа вистинска пресвртница за жените. Моментално 100 жени се членови на Конгресот, вклучувајќи жени сенатори и гувернери, повеќе од кога било во историјата.
12. На Твитер преовладуваа феминистички хаштагови против насилството врз жените
Како на пример #YesAllWomen, чија цел беше да се поттикне свеста кај луѓето за насилството врз жените и сексистичките размислувања со кои жените секојдневно се соочуваат. Уште поголема прашина се крена откако беше објавена снимката каде се гледа како Реј Рајс ја нокаутира својата свршеница, што поттикна хаштагови како #WhyIStayed и #WhyILeft, каде жените ги споделуваа своите искуства од животот со насилен партнер.
13. Преовладуваа феминистички истражувања и книги
Не само оние напишани од жени, туку општо од феминисти кои на различни начини се залагаат за еднаквоста на половите. Така оваа зима може удобно да се сместите на топло и да уживате во некој од следниве наслови: Bad Feminist, Redefining Realness, Pro, Yes Please, How to Build a Girl, и Not That Kind of Girl.
14. Жените се натпреваруваа во ски џампинг на Олимпијадата
Откако мажи се натпреваруваа во оваа категорија 90 години, конечно на жените им беше дозволено да се натпреваруваат. Изговорите зошто жените не би требало да се натпреваруваат биле од типот, жената треба да се чува од сериозни повреди за да може да има деца. Оваа година жените се натпреваруваа во ски џампинг и завршија без повреди.
15. НБА ја доби првата жена-тренер
Беки Хамон прво била помошник тренер на Сан Антонио Спарс, откако ја напуштила својата 16-годишна кариера во женската национална кошаркарска асоцијација (WNBA). Подоцна станува тренер нагласувајќи дека не сака да се стави акцент на тоа што таа е жена, туку дека едноставно ја има таа позиција бидејќи е способна.