20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

Како што се наближува крајот на 2014, мораме да ги пофалиме сите важни женски подвизи во текот на годината. Од Малала Јусафзаи, до познатите музички ѕвезди, ова се жените кои ја заслужуваат секоја пофалба за нивните феминистички подвизи. Еве за што сè феминистите можат да наздрават на крајот на оваа 2014.

1. Малала Јусафзаи ја добива Нобеловата награда за мир


„Верувам дека оружјето нема моќ, затоа што оружјето може само да убие. Но, пенкалото може да даде живот.“

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

За Малала се расчу во 2012 година и од тогаш таа инспирира многумина ширум светот давајќи им до знаење дека постојат толку многу работи кои еден човек може да ги направи во текот на својот живот. На само 11-годишна возраст, Малала тајно ги испраќала своите дневници до Би-би-си, кажувајќи им за насилството и неправдите кои секојдневно се случуваат во нејзината земја. Таа продолжила да пишува и да оди на училиште, иако се плашела од Талибанците. Малала била застрелана во глава во училишниот автобус кога се враќала од училиште. За среќа таа преживеала и била префрлена во Англија на лекување. По тој инцидент формирана е Фондацијата Малала, раководена од самата Малала, која се залага за образованието на девојките.

На 16 години Малала одржа драматичен говор во ОН, објави свој мемоар, и се здоби со многу награди и признанија, како Меѓународната детска награда за мир. На само 17-годишна возраст, Малала е добитник на Нобелова награда и икона за заштита на правата на луѓето. Воедно, Малала докажа дека, како што Бан-Ки-Мун кажа, екстремистите едноставно најмногу се плашат од девојка со книга.

2. Феминистичкиот настап на Бијонсе на VMA

Бијонсе и оваа година покажа кој е на врвот на светската музичка индустрија. На самиот крај од 2013 објави визуелен албум без апсолутно никаква претходна најава, настапи на Греми наградите на почетокот на 2014 со неверојатната изведба на „Drunk in love“, поголемиот дел од годината го помина на заедничката турнеја со нејзиниот сопруг, „On the run“, и без да земе здив продолжи да го освојува светот.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

Врв на сите нејзини достигнувања беше настапот на овогодишните МТВ видео музички награди, каде во 16-минутен настап склопи 14 песни од најновиот албум. Настапот достигна точка на вриење кога силуетата на Бијонсе стоеше пред огромниот екран каде пишуваше „ФЕМИНИСТ“, додека се слушаше делот од самата песна каде е вклопен говорот на познатата нигериска авторка Чимаманда Нгози Адичи, која ја кажува својата дефиниција за феминизам. На крајот од настапот, нејзиниот сопруг Џеј Зи заедно со Блу Ајви, ѝ ја врачи наградата Мајкл Џексон, најавувајќи ја својата сопруга како најголемиот забавувач во музичката индустрија. Исто така Бијонсе оваа година застана на врвот меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Тајм.

Бијонсе отворено се залага за феминизмот и еднаквоста на жената, истовремено давајќи им пример на сите млади девојки и жени за тоа како една жена може да има успешна кариера, но и да биде мајка и сопруга истовремено.

3. Моне Дејвис победи во сериите од малата лига во бејзбол

Моне Дејвис ги руши стереотипите од типот „фрлаш како девојче“, бидејќи таа фрла како многу талентирано девојче. 13-годишната Моне Дејвис се вбројува меѓу највлијателните тинејџери во светот. Таа е првата девојка која победила на овие турнири, и е една од 18-те девојки кои учествувале воопшто (иако вкупно се имаат натпреварувано 9.000 играчи). Спортскиот магазин „Sports Illustrated“, каде се најде на насловна страница, ја прогласи за дете-спортист на годината, а веднаш до нејзината слика стоеше напишано „Запомнете го нејзиното име“.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

4. Марјам Мирзихани стана единствената жена со највисоката награда во полето на математиката

Марјам Мирзихани е математичарка со иранско потекло која работи во САД. Од 1 септември 2008 таа работи како професор по математика на Универзитетот Стенфорд. Од оваа година Мирзихани стана првата жена наградена со Филдсовиот медал, најпрестижната награда во полето на математиката. При прифаќањето на наградата Мирзихани изјави: „Би била среќна ако ова ги инспирира младите жени научници и математичари“.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

5. Жените отворено зборуваа за абортусот

Иако абортусот од одамна е контроверзна тема, оваа година повеќе од кога било жените јавно можеа да кажат „имам абортирано“. Иако релативно голем е бројот на жени кои некогаш абортирале, многу мал дел од нив зборувале за тоа јавно. Тоа повлече мислење дека абортусот не е толку честа појава и им дозволи на многу власти да донесат закони против него со што им се одзема правото на жените да имаат безбеден абортус. Политичарката од Тексас, Венди Дејвис, отворено ја раскажа својата приказна кога морала да ја прекине долго посакуваната бременост поради здравствени проблеми. Со свое признание во јавноста излезе и кандидатката за гувернер од Невада, Луси Флоренс, која прекинала бременост на 16-годишна возраст бидејќи не била спремна да биде мајка.

20 најдобри и најмоќни настани за жените во 2014

Се објавија и книги а се основаа и организации кои имаа за цел да ги охрабрат жените отворено да зборуваат за своите искуства и да не се почувствуваат осудено. Меѓу причините зошто жените се одлучиле на абортус, наведени се насилни партнери, тоа што веќе имале деца или се соочиле со проблеми во бременоста, а многу зборуваа за проблемите кои ги имале бидејќи не им бил дозволен абортус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар