20 начини на кои поп културата ја прикажува депресијата на погрешен начин

20 начини на кои поп културата ја прикажува депресијата на погрешен начин

Депресијата е многу посериозна состојба од тагата, бидејќи ги опфаќа сите аспекти од животот, меѓу кои и врските со луѓето, кариерата и физичкото здравје. Депресијата е дел од нашата реалност, па затоа популарната култура многу често се обидува да ја прикаже на телевизиските екрани. Актерите, сценаристите, режисерите и продуцентите се обидуваат да ја споделат нивната замисла за тоа како изгледа животот на луѓето со оваа болест.

20 начини на кои поп културата ја прикажува депресијата на погрешен начин

И покрај нивните обиди, холивудската слика за депресијата не е веродостоен приказ на тешката, хаотична и макотрпна реалност, туку романтизиран поглед на болеста. Доколку не сте уверени во тоа, следниве 20 примери ќе ви докажат дека Холивуд ја прикажува депресијата на сосема погрешен начин…

1. Секогаш кога се прикажува лик кој страда од депресија, тој е претставен како да е неспособен да функционира во секојдневниот живот. Нема примери на живот со високо функционална депресија. Секако дека депресијата го нарушува нормалното функционирање, но постојат многу луѓе што поминуваат низ оваа ментална состојба и истовремено успеваат да ги извршуваат секојдневните обврски, без никој да забележи што им се случува.

2. Филмовите ги прескокнуваат сите „здодевни“ или тешки делови од процесот на справување со депресија и ги прикажуваат само најдраматичните моменти. Можеби сцените во кои ликовите не можат да станат од кревет или едвај собираат енергија за да се исчешлаат не би биле многу интересни за на телевизија, но сигурно постои некаков начин за да се прикажат.

3. Депресијата секогаш води до самоубиство. Можеби затоа што тоа е „подраматично“? Иако депресијата го зголемува ризикот од самоубиство, постојат депресивни луѓе кои немаат самоубиствени намери.

4. Депресивните моменти секогаш се поттикнати од некој значаен настан во дејството. Нешто големо и трауматично се случува во животот на ликот и одеднаш тој има депресија. Секако дека депресијата може да биде поттикната од некои животни настани, но многу луѓе немаат причина за да бидат депресивни, туку едноставно им се случува тоа.

5. Холивуд создава стереотипи за депресивните луѓе. Депресијата секогаш ги погодува мрачните и чудните ликови или пак „емо“ тинејџерите. Во реалноста, депресијата може да му се случи секому.

6. Лесно можат да бидат забележани и препознаени луѓето со депресија. Секогаш можете да дознаете кои луѓе се борат со ова ментално нарушување. Сепак, не постои огромен знак до поединците кои имаат депресија. Луѓето очекуваат дека ако имате депресија, треба да изгледате и да се однесувате на одреден начин и доколку не ги исполнувате тие стереотипи, тогаш сигурно лажете за вашата ментална состојба.

20 начини на кои поп културата ја прикажува депресијата на погрешен начин

7. Депресијата се покажува како привлечна особина, како нешто убаво и мистериозно што ја привлекува љубовта на другите луѓе. Само трагично убавите луѓе можат да имаат депресија. Тоа нема никаква врска со реалноста!

8. Сите ликови што страдаат од депресија во холивудските филмови се бели. Депресијата може да ги погоди сите луѓе, без оглед на нивната раса или етничка припадност.

9. Депресијата на големите екрани секогаш се прикажува како нешто убаво. Убави луѓе плачат на сликовит начин, зјапаат низ прозорецот на романтичен начин и секогаш изгледаат убаво. Треба да знаете дека депресијата е многу повеќе од убава девојка која плаче на црно-бела слика.

10. Лековите, како што се антидепресивите, се прикажани како нешто ужасно што може да ги уништи емоциите на личноста, па затоа најчесто ликовите се советуваат дека треба да ги одбегнуваат. Не се прикажани придобивките од земањето вакви лекови. Ниту еден филм за депресија не е целосен без сцената во која ликот драматично ги фрла антидепресивите во тоалетна шолја.

11. Депресивните луѓе ја бараат вистинската личност која ќе им помогне да си ги решат проблемите, да ги поправи и да им овозможи среќен живот. Многу е едноставно да се прикаже депресијата на ваков начин. Но, вистината е дека тоа е дел од животот со кој депресивните луѓе треба да се справат, а не да го игнорираат и да го прифатат како нешто нормално.

12. Депресијата секогаш се лекува со помош на љубовта. Заборавете на терапијата и лековите! Сѐ што ви треба е љубов за да го победите ова ментално нарушување. За жал, работите се малку покомплицирани во реалноста.

13. Само креативните луѓе, како што се музичарите, уметниците и поетите, може да страдаат од депресија. И тие најчесто одбиваат да се лекуваат, затоа што најдобро работат кога се депресивни.

20 начини на кои поп културата ја прикажува депресијата на погрешен начин

14. Примерите на депресија секогаш кулминираат со голем нервен слом поради еден драматичен момент. Одеднаш депресивниот лик почнува да плаче, да крши огледала и да вреска на сиот глас. Во реалноста, депресијата полека се прикрадува во животот на луѓето и додека да ја забележите, таа веќе станала дел од вас.

15. Ликовите со депресија секогаш кажуваат некоја излитена животна лекција што едноставно „мораат“ да ја споделат со публиката. Оваа лекција обично не може да ги долови сите страдања што ги предизвикува депресијата.

16. Терапијата за депресија секогаш се претставува како нешто лесно и едноставно. Некој од ликовите посакал терапија? Нема проблем! Никогаш не се спомнува тоа како депресивните луѓе наоѓаат пари за терапија и како го наоѓаат вистинскиот психијатар.

17. Ситуациите што ја претставуваат депресијата во филмовите и на телевизија се случуваат во краток временски период или во една епизода. Откако ќе се дискутира на таа тема, веднаш се заборава, како никогаш да не постоела во животот на ликот. Тешко е да се прикаже депресијата како борба што нема крај, барем на телевизиските екрани.

18. Кога некој лик се прикажува како депресивен, неговото искуство се претставува како обична состојба на тага. Лутината, рамнодушноста, физичката болка, губењето интерес, неспособноста за концентрација, промените во навиките за спиење и сите други симптоми на депресија изгледа не се доволно интересни за да бидат прикажани на телевизија.

19. Терапевтите и медицинските лица се претставени како бескорисни и недоволно информирани. Тешко е да се најде добар терапевт, но далеку од тоа дека сите психијатри се непрофесионални и неспособни.

20. Терапијата се претставува како неверојатно брз процес, без никакви пречки на патот. Зар не би било прекрасно кога сите луѓе со депресија би можеле да го прифатат проблемот, да побараат помош и да го средат тоа за неколку недели?

За да можете да го препознаете ова ментално нарушување, прочитајте ги следниве 7 работи што ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар