20 моќни пораки на Лујза Хеј

20 моќни пораки на Лујза Хеј

Лујза Хеј беше талентиран психолог, еден од основачите на техниката на самопомош преку позитивно размислување и автор на повеќе од 30 психолошки книги. Таа го победи ракот без употреба на лекови и операции и им помогна на илјадници луѓе да пронајдат среќа, да се лекуваат и да го променат својот живот. Нејзиниот начин на размислување и мудростите што ги остави зад себе ќе живеат засекогаш, а во продолжение прочитајте некои од нив.

20 моќни пораки на Лујза Хеј

„Луѓето кои ве повредиле биле исплашени исто како што сте вие сега.“

„Ние формираме најголем број ставови во детството и како што продолжува животот, ги менуваме ситуациите според нашите желби за да ги сместиме сопствените верувања во нив.“

„Минатото е поминато засекогаш – тоа е факт и ништо не може да се направи во врска со тоа. Сепак, можеме да го смениме нашето мислење за минатото. Колку е глупаво да се казнувате себеси денес затоа што навредивте некого пред десет години?“

„Мора да се ослободиме и да им простиме на сите, без исклучок, а особено на самите себе. Можеби не знаеме како да простиме, но најважно е да сакаме да го направиме тоа.“

„Кога ќе се разболите, погледнете во срцето и откријте кому треба да му простите.“

„Она што го мислиме за себе, тоа станува нашата реалност. Секоја наша мисла ја обликува иднината.“

„Самоприфаќањето е клучот за позитивни промени во нашиот живот.“

„Да се сакаш себеси значи да го славиш секој дел од себе и да му бидеш благодарен на Бога за подарениот живот.“

„Сè што ќе дадеш, ти се враќа назад.“

„За да промените некој друг, прво мора да се промените себеси. Треба да го смените начинот на размислување.“

„Колку повеќе се држите до една работа, толку побрзо ќе мора да се ослободите од тоа. Опсесиите се опасни.“

„Ако нешто во животот е лесно, тогаш тоа не се лекции. Тоа е она што веќе го знаеме.“

„Телото постојано ни се обраќа. Само треба да одвоиме време да го слушаме. Секоја клетка во телото реагира на секоја наша мисла и на секој наш збор.“

„Самокритиката го поттикнува егото. Нашиот мозок е толку многу навикнат постојано да се понижува и да се спротивставува на промените, што сега е многу тешко да се игнорира она што ни го кажува егото од навика.“

„Отфрлете ги мислите што ве прават несреќни, правете го она што го сакате, комуницирајте со луѓе во чие друштво се чувствувате добро.“

„За да имате убави работи, прво мора да верувате дека сите тие се можни.“

„Секој од нас е сам одговорен за сè што му се случува во животот, и за доброто и за лошото.“

„Љубовта доаѓа кога најмалку очекуваме. Постојаната потрага по љубов води кон избор на вистинскиот партнер, но тоа всушност нè турка во тага. Љубовта не постои таму некаде, таа е во нас и со нас. Сакајте и ќе бидете сакани.“

„Вината е целосно бескорисно чувство. Таа никогаш не помогнала никому и не може да промени ниту една ситуација. Излезете од тој затвор колку што е можно побрзо.“

„Секој од нас поминал низ загуби, предавства, навреди. Знак на духовна зрелост и мудрост е способноста да се заборават непријатните моменти и да им се прости на виновните. Тоа што се случи е минато. Заборавете на непријатното, ослободете се од синџирите што ве држат врзани за минатото. Додека не научиме да простуваме, минатото нема да нè напушти и никогаш нема да бидеме навистина здрави и среќни.“

Прочитајте ги овие 15 инспиративни цитати од контроверзната писателка Анаис Нин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар