20 места што ќе ги воодушеват и оние кои виделе сè
11. Природните базени Милпу, Перу
Овие изолирани природни базени се скриено богатство кое неодамна било откриено од туристи. Магичните тиркизни базени се навистина спектакуларни. Секој ќе ужива во неверојатното зеленило и безбројните водопади.
12. Закинтос, Грција
Водата на овој остров е толку чиста што можете да ја видите вашата сенка и на длабочина од 5 метри. Најубавиот дел од островот е плажата Навагио до која се стигнува само со брод.
13. Ик-кил Сеноте, Чичен Ица, Мексико
Ик-кил е магична пештера лоцирана на северната страна од полуостровот Јукатан. Отворот се наоѓа на врвот, а растенијата изгледаат како водопад. До дното се стигнува со скали и можете да пливате во магичната вода.
14. Солено Езеро, Боливија
Ова е едно од најневеројатните места во Јужна Америка. Кората од сол се протега до хоризонтот во сите сезони, а тенкиот слој вода го претвора езерото во огледало. Ова е најголемото солено езеро во светот.
15. Големиот призматичен извор, Вајоминг, САД
Фотографијата од изворот навистина изгледа како да е направена во Фотошоп. Ова е најголемиот и најубавиот природен извор во САД. Живите бои се поради микробите кои се наоѓаат на рабовите.
Продолжува на следната страница…