20 луѓе споделуваат тајни од нивните работни места

20 луѓе споделуваат тајни од нивните работни места

Речиси секоја компанија си има свои тајни кои ги знаат мал дел од вработените. Луѓе со разни професии решиле да споделат тајни од нивните професии на Твитер и Редит, а нивните приказни може да ви променат многу мислења. Изгледа дека не сите професии се транспарентни колку што мислиме.

20 луѓе споделуваат тајни од нивните работни места

1. Возач на камион

„9 од 10 возачи на камион патуваат со смартфон на шофершајбната гледајќи ТВ серии. Држете се понастрана од големи камиони.“

2. Вработен во Дизниленд

„Има тајни тунели под парковите што им овозможуваат на вработените да минуваат низ паркот брзо и лесно.“

3. ИТ поддршка

„Овие луѓе само подобро знаат да го користат Гугл од вас.“

4. Вработен во фабрика за брашно

„Пченичното брашно всушност не е бело. Користиме хлор за да го направиме поатрактивно. Ова го зголемува и нивото на глутен во брашното и поради тоа многу луѓе денес се чувствителни на глутен.“

5. Член на тим за спасување

„Кога сте млад спасувач, имате радио на себе 24/7. И секогаш слушате што се случува во градот. Ако, на пример, одите на роденденска забава со вашиот автомобил и слушнете дека има пожар на соседната улица, ќе го свртите автомобилот и ќе одите таму!“

6. Вработен во фабрика за маслиново масло

„Имаме само еден вид масло, но го ставаме во 27 разни контејнери и го продаваме по разни цени. Некои се означени како увезени, некои се наречени најквалитетно масло. Но маслото е исто во секое шише.“

7. Компјутерски инженер

„Кога некој ви го поправа компјутерот, често гледа низ податоците на вашиот хард диск барајќи нешто забавно или срамно. Па, пред да го однесете компјутерот на сервис, избришете ја историјата на пребарување и копирајте ги важните податоци на надворешен диск.“

8. Вработен во фабрика за свеќи

„Парафинските свеќи се опасни и отровни. Бидејќи знам што додаваме во нив (иако на нив пишува 100% парафин), никогаш повеќе нема да користам свеќи. Ако ви се потребни од која било причина, купувајте свеќи од пчелин восок без никаква арома.“

9. Енолог

„Виното не е веганско. Не е ни вегетаријанско во некои случаи. Во процесот на филтрирање се користат белки од јајца, а понекогаш и делови од риба.“

10. Вработен во кино

„Огромно пакување пуканки што го чини потрошувачот 6 евра, го чини киното 6 центи за да го направи, вклучувајќи ја пченката, путерот, пакувањето, електричната енергија и времето што било потребно за да се направи.“

11. Интернет сервис

„Повеќето услуги за претплата ги покачуваат цените со текот на времето бидејќи очекуваат да прифатите. Ова важи за телефонски сметки, кабловска, Интернет, планови за осигурување… Јавете се и учтиво пожалете се за цената. Не слушајте зошто се качила цената и учтиво кажете дека не можете да си ја дозволите услугата и можеби ќе треба да ја откажете претплатата. Или зборувате со некој што веќе може да ја спушти цената, или ќе ве поврзат со личност која може да го направи тоа.“

12. Механичар

„Ако сакате да одите на одмор и не знаете каде да го оставите автомобилот, однесете го на автомеханичар. Многу луѓе го прават ова. Навистина е евтино и можете да бидете отсутни цел месец! Многу поскапо е да користите паркинг.“

13. Фармацевт

„Работев во неколку фабрики што произведуваа лекови. Правилата беа исти секаде – ако ви паднат пилули на подот, ставете ги назад во шишенцето. Па, можеби вашите лекови не се толку чисти колку што мислите.“

14. Библиотекар

„Количеството тоалетна хартија, случајни предмети и сметки кои се заборавени како покажувачи во книгите е неверојатно!“

15. Доктор

„Минуваме толку време за да бидеме добри во нашата работа, што не знаеме речиси ништо за другите нешта во светот.“

16. Вработен во онлајн продавница

„Не постои нешто како бесплатна достава. Цената на доставата е вклучена во цената на продуктот.“

17. Дадилка

„Работам со деца во градинка и понекогаш гледаме бебиња кои ги прават првите чекори, но не им кажуваме на родителите бидејќи не сакаме да се чувствуваат лошо бидејќи ги испуштиле.“

18. Вработен во музеј

„Нештата што навистина не смеат да бидат допрени се ставени под стакло, но вработените не сакаат кога посетителите ги допираат изложените предмети.“

19. Шанкер

„Хотелските барови ќе се осигурат дека вашата сметка за некој настан е потрошена што е можно порано.“

20. Готвач

„Доколку јадете во ресторан за време на гужва, најверојатно вашиот вегански хамбургер е приготвен со истиот прибор како и пилешките крилца.“

Дали сте слушнале за овие навистина необични работни места?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар