20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа - Part 2

20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

6. Гледајќи дури и во фотографија од саканиот/та ја намалува болката

(10) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Еден експеримент покажал дека пациентите на кои им биле покажани слики од нивните сакани, чувствувале намалување на болката, за разлика од оние пациенти на кои им покажувале слики од нивни познаници.

7. Луѓето кои имаат исто ниво на привлечност е поверојатно дека ќе завршат заедно

(11) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Многу истражувања се занимавале со проучување на начинот на кој луѓето ги избираат своите партнери. Ова се објаснува со сличното ниво на привлечност, односно степенот на посакуваност од страна на другите. Доколку еден од партнерите е физички помалку привлечен, вообичаено компензира со некои други карактеристики кои го прават исто толку посакуван колку и неговиот партнер.

8. Паровите кои се многу слични тешко веројатно е да опстанат

(12) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Добро ни е познато дека спротивностите се привлекуваат, но и науката потврдува дека тоа е делумно точно. Имено, паровите кои се премногу слични или премногу се разликуваат обично не можат да траат долго. Иако сличностите се основата за една врска, сепак мора да има и доволно разлики за да можат партнерите да учат еден од друг.

9. Скршеното срце не е само метафора

(13) 20-izvonredni-fakti-za-ljubovta-od-koi-kje-nauchite-mnogu-za-nea-kafepauza.mk

Истражувањата имаат покажано дека интензивните трауматични искуства како раскинувањето, разводот, губењето на саканиот, физичкото раздвојување или неверството можат да предизвикаат физички болки во пределот околу срцето. Ова се вика синдром на скршено срце. Длабоката емоционална болка предизвикува мозокот да испраќа одредени хемикалии кои значително го ослабуваат срцето и создаваат болка во пределот на градите проследена со чувство на губење на здивот. Оваасостојба почесто ја искусуваат жените.

10. Романтичната љубов со текот на времето завршува и се заменува со посветена љубов

20 извонредни факти за љубовта од кои ќе научите многу за неа

Паровите на почетокот на врската се романтични, но стануваат многу различни по само една година. Пресметано е дека романтичната љубов која е поврзана со еуфоријата, зависноста, потењето на дланките, пеперутките во стомакот и слично, трае само една година. Потоа преминува во фаза на посветена љубов. Промената е поврзана со покаченото ниво на протеинот невротрофин кај новите парови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар