20 интересни прашања за вежбање на мозокот
Познато е дека за мозокот да биде во добра форма потребно му е секојдневно вежбање. Докажано е дека различните загатки и логички задачи се одлични за најпаметните мускули. Поголемиот дел од нив, особено оние што се наменети за деца, содржат клучен момент за решението кој обично ние како возрасни го игнорираме. Додека некои можат да се решат со малку напор, некои ги оставаат замислени со часови дури и најбистрите мозоци. Ова се 20 загадочни прашања кои ќе ви послужат како одлична утринска гимнастика на мозокот…
1. Според Меѓународното здружение за воздушен превоз, два патника не смеат да седат заедно во истиот ред во авионот. Кои се тие?
Решение
2. Група жени се качуваат во локален автобус. Иако автобусот не е преполн, тие седнуваат на задните седишта. Зошто?
Решение
3. Во 1445 година луѓето во Москва мислеле дека ќе се соочат со апокалипса затоа што црковните ѕвона почнале самите истовремено да ѕвонат. Но, истото се случило и во 1091 во Киев и повторно во 1802 во Москва. Која била причината за тоа?
Решение
4. Жителите во Мјанмар (Бурма) одгледуваат добиток и живина, но многу ретко го колат добитокот, па дури и живината. Обично ги продаваат животните на пазар, претежно на соседните земји како Кина и потоа го купуваат назад месото што го сакаат. Зошто трошат толку време и пари?
Решение
5. Во еден период во Европа кратењето на опашката на кучињата било вообичаено без оглед на расата на кучето. Зошто?
Решение
6. Секој ден планетата Земја станува потешка, односно качува до 60 тони поради што?
Решение
7. Што имаат заедничко Русија, Турција и Египет?
Решение
8. Во 1945 година секоја убиена кокошка во Музо, Колумбија била прегледувана од јавен службеник. Зошто имале толку чуден закон?
Решение
9. Во 1965 година Пеле добил златен медал од Министерството за образование во Бразил за неговата автобиографска книга „Пеле“. Зошто книгата имала влијание на образованието?
Решение
10. Некои африкански племиња од Сахара закачуваат торбички полни со инсекти на нивните нозе кога одат да ловат навечер. Зошто им е потребно такво нешто?
Решение
11. Во 1997 година кога власта на Табаско, Мексико решила да ги забрани сите видови пиво за да ја намали појавата на алкохолизам, реакциите биле исклучиво негативни. Потоа, Конгресот на државата добил брилијантна идеја: Ја забраниле продажбата на само еден вид пиво. За кое пиво се работи?
Решение
12. Во Свациленд никогаш не смее да се прекинува сенаторот кога прави една работа за време на парламентарски собир затоа што тој можеби во моментот се консултира со големите предци. Што прави тој?
Решение
13. Голем дел од сувенирите кои можат да се купат во традиционалните африкански села веројатно се користеле како средство за лечење болести. За кои сувенири станува збор?
Решение
14. Овој мал град во Андалузија, Шпанија бил првото пристаниште во историјата кое им наплаќало на трговците за користење на истото. Како се вика градот?
Решение
15. Оваа река во Орегон, САД влегла во Гинисовата книга на рекорди како најкратката река во светот, долга 130 метри. Нејзиното име кое почнува на буквата „Д“ е веројатно најкраткото име на некоја река. Кое е името?
Решение
16. Астронаутите велат дека од вселената речните корита личат на системот за циркулација на живите суштества. Колку интересно! Случајност или не, но за време на Втората Светска војна докторите користеле еден вид вода наместо крвна плазма. Кој вид вода е ова?
Решение
17. Далтонистите не смееле да служат војска во американските воздушни сили пред 1941 година. Но, ситуацијата се сменила на почетокот од Втората Светска војна. Одеднаш тие станале многу популарни помеѓу кандидатите. Зошто?
Решение
18. Некои северни мориња имаат долги тесни бразди, уште познати како вдлабнатини или корита. Тие можат да достигнат до 30 метри во должина и 5 метри во длабочина. Кој е одговорен за овој феномен?
Решение
19. Првите божиќни елки во Европа стоеле точно на едно место во домовите. Каде?
Решение
20. Секоја година околу Нова година, Исланд поставува нови рекорди во продажбата на еден одреден производ. Кој е овој производ?
Решение